
Пожар кај Преспанско езеро – спасени куќите и викендиците, на терен два ер трактори!
Попладнево изби пожар кај ресенското с. Д. Дупени, во близина на Преспанско езеро.
Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов вели дека пожарникарите од ТППЕ Ресен успеаа да ги спасат викендиците и куќите од селото, додека пак огнот се движи кон непристапен терен.
Два ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување полетаа а поради температурни ограничувања во 16.30 ќе полета и еден полициски хеликоптер.
Нема опасност по куќите од селото и околните викендици.