Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Немаме бекап систем, ако се изгасне главниот, би останале со црн екран“, вели контролор на летање во М-НАВ
Македонија

„Немаме бекап систем, ако се изгасне главниот, би останале со црн екран“, вели контролор на летање во М-НАВ

10/08/2025

AA

Зголемувањето од 12% на бројот на прелети во првата половина од годината е постигнато и покрај строгите рестрикции наметнати поради застарената опрема, вели Александар Тасевски, претседател на Синдикатот на контролори на летање во интервју за Радио Слободна Европа. Според него, без овие ограничувања, сообраќајот би можел да порасне за 50%, што би значело значително повеќе приходи за М-НАВ, наместо тие пари да завршуваат во соседни земји кои имаат капацитет да ги прифатат летовите.

Тасевски нагласува дека нови авиолинии и раст на побарувачката се реалност, но дека за нивно опслужување потребни се повеќе контролори на летање. Тој тврди дека отворањето на такви работни места е можно, како што се отвораат и други непотребни позиции, но дека раководството ја користи аргументацијата за новиот систем и постојната зграда како изговор.

„И со сегашната опрема, ако техничките ограничувања ги немавме, со три сектора би можеле да опслужиме 90 авиони на час, наместо 72. Со четврти сектор и нова опрема – дури 120“, вели Тасевски.

Тој предупредува дека постојната опрема не е директно опасна додека работи, но ризикот е во нејзината старост и недостигот од резервни делови. За разлика од европските контролни центри, М-НАВ нема бекап-систем кој би презел работа во случај на дефект.
„Ние тој бекап го немаме. Така што, во случај кога нас би ни се изгасил системот, ние би останале со црн екран“, предупредува тој.

Покрај техничките проблеми, Тасевски посочува и на нарушени меѓучовечки односи и контроверзии околу новите вработувања. Според него, проблемот не е само во платите, туку и во фактот што одредени работни места нудат „комоција“ – примање плата без ефективно извршување на задачите. Со заминувањето на искусните кадри се губи квалитетот на услугата, особено во помошните служби, што дополнително го отежнува работењето на контролорите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy