
ПОВТОРНО ГРЕШКА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка и го стави знамето на Исланд!
Mакедонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но со погрешно знаме, па така наместо нивното, објавено беше тоа на Исланд. За среќа брзо ја сфатија грешката, па ја исправија и го ставија вистинското знаме.
„Моторните возила од Кралството Норвешка веќе се на својата крајна дестинација. По нивното распоредување, армиските единици ќе добијат поголема транспортната способност и мобилност”, напишаа тие.
Во Македонија и претходно се случуваше да има грешки со знамињата, па така во 2018 година пред Владата на официјална церемонија беше пречекан со латвиско знаме австрискиот канцелар Себастијан Курц. Потоа во 2022 година и словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон во кабинетот на својот колега Бујар Османи беше пречекана со знаме на Република Словачка.