
Повредените од пукањето во тетовската болница сместени на Карил, едниот е во тешка состојба!
Во тешка општа состојба е едниот од повредените во вчерашното пукање во тетовската болница.
Според информациите, на него му е направена хируршка интервенција од страна на торакална и абдоминална хирургија.
Другото лице е во стабилна состојба, но и двајцата се сместени на одделот КАРИЛ.
