Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски: Нови апарати за третман и дијагностика во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје, здравјето на граѓаните е приоритет
Македонија

Ковачевски: Нови апарати за третман и дијагностика во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје, здравјето на граѓаните е приоритет

12/01/2024

AA

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска заедно со министерот за здравство Фатмир Меџити беше во посета на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје, каде имаше свое обраќање по повод промоција на нови апарати на оваа клиника.

Во продолжение ја пренесуваме интегралната изјава на премиерот Димитар Ковачевски:

„Најпрвин сакам да ги поздравам министер за здравство, Фатмир Меџити,

Директорот на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, професор Арсенков и организацискиот директор Шаќири, почитуваните доктори кои што се тука, персоналот на болницата, медиумите и секако граѓаните.

Денеска повторно сме во посета на уште една од нашите здравствени установи, денес сме скопската Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, каде помогнавме со модернизирање на опремата со која располага Клиниката со набавка на нови апарати.

Инвестиравме над 700 илјади евра за набавка на нов современ апарат за литотрипсија, поточно апарат за разбивање камења во бубрег и во уринарниот тракт којшто се очекува да го олесни третманот на пациентите кои по интервенцијата ќе можат да си заминат дома.

Се работи за најсовремен апарат кој што е од најновата генерација и токму во оваа болница е практично третиот во државата кој што е да кажеме на ниво повисоко од другите кои што ги имавме.

Со тоа се овозможува современ и брз третман на пациентите, но и олеснување на работата на здравствените работници, како и на Клиниката каде ќе нема потреба од подолго задржување на пациентите.

На Клиниката е набавен и нов апарат за мамографија со томосинтеза. Томосинтезата на дојка е револуционерен напредок во дијагнозата на рак на дојка со што за 30% се зголемува точноста при интерпретација на мамографиите. Овој апарат е инсталиран во новиот оддел за радиодијагностика, а инсталиран е и нов ултразвучен ехо колор доплер за ехо на дојка, со што ќе се овозможи да се врши и мамографија и ехо на дојка.

Со овие нови апарати ќе се зголеми ефикасноста во рано детектирање на ракот на дојка, а воедно ќе се растеретат капацитетите на здравствениот систем преку тоа што ќе се даде можност овие проверки да се прават на повеќе места отколку што тоа беше случај досега.

Воедно набавен е и лапароскопски столб за изведување на минимално инвазивни хируршки процедури, кој веќе е ставен во функција во оваа Клиника.

Вкупната инвестиција за новите апарати кои имавме можност да ги видиме денеска изнесува околу 1 милион евра, пари кои се обезбедени од Министерството за здравство. Сè ова е надополнување на серијата наши инвестиции во здравството, кое континуирано го подобруваме и модернизираме.

Пред неколку дена ваквите услови можевме да ги видиме при отворањето на новата Поликлиника „Сарај“, инвестиција вредна близу 1,3 милиони евра, а можевме да ги видиме и вчера при отворањето на реновираната хируршка сала на Клиниката за ортопедски болести во Скопје.

Претходно сакам да ја споменам и клиниката Козле која со владина одлука од институт за белодробни заболувања прерасна во клиника каде ќе се овозможи и специјалистичка нега на терцијално ниво.

Со ова во еден навистина краток период е направено многу за здравството, ние ќе продолжиме понатаму, ќе продолжиме и после 8-ми мај со новата влада која пак ќе биде про европска, која повторно ќе се грижи за унапредување на општеството по европски стандарди.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БУГАРИЈА ЌЕ ДОБИЕ КОСКИ АМА НЕ ЗНАЕ ДАЛИ СЕ ОД

03/10/2026
Македонија

СТУДЕНО УТРО, А ПОТОА ВИСОКИ 27 СТЕПЕНИ Голема температурна разлика

02/10/2026
Македонија

НОВА ИНВЕСТИЦИЈА НА ПОПОВА ШАПКА Нема повеќе долги чекања за

02/10/2026
Македонија

СИЉАНОВСКА ДАВКОВА СО ЈАСНА ПОРАКА ДО ФОН ДЕР ЛАЈЕН Македонија

02/10/2026
Македонија

ДРУГАРЧЕ НА ЗАЕВ ЈА ДЕЛЕШЕ ИНДИЈА, ПА СЕГА И НАС

02/10/2026
Македонија

37 ЛОКАЦИИ ПРЕТРЕСЕНИ, 21 ОСОМНИЧЕН, НАЈДЕН СЕФ СО НАД 50.000

02/10/2026
Македонија

МУЦУНСКИ ПОБАРА СРЕДБА СО БУГАРСКАТА МИНИСТЕРКА Разговорите би се одржале

02/10/2026
Македонија

КОЦЕВСКА СЕ СОМНЕВА ДЕКА ОДЛУКАТА ЗА ПРИТВОР НА ДЕКО Е

02/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45950
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БУГАРИЈА ЌЕ ДОБИЕ КОСКИ АМА НЕ ЗНАЕ ДАЛИ СЕ ОД САМОИЛ Не е направена ДНК-анализа

03/10/2026

Бугарија не направи ДНК-анализа на посмртните останки што ќе бидат донесени во Бугарија за да се потврди дали му припаѓаат

СТУДЕНО УТРО, А ПОТОА ВИСОКИ 27 СТЕПЕНИ Голема температурна разлика низ Македонија

02/10/2026

Метеоролозите најавуваат ведро и студено утро, а во текот на денот сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува

НОВА ИНВЕСТИЦИЈА НА ПОПОВА ШАПКА Нема повеќе долги чекања за влез на скијачките патеки

02/10/2026

На Попова Шапка се поставени нови порти за скенирање на билетите пред жичниците и ски-лифтовите, со што ски-центарот најавува побрз

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy