Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПОВИСОКИ КОМУНАЛНИ И БАНКАРСКИ УСЛУГИ: Дали измените на Законот за облигациони односи ќе бидат на грбот на граѓаните?
Економија

ПОВИСОКИ КОМУНАЛНИ И БАНКАРСКИ УСЛУГИ: Дали измените на Законот за облигациони односи ќе бидат на грбот на граѓаните?

17/05/2023

AA

Бизнис заедницата бара повлекување на предлог измените на Законот за обигациони односи (ЗОО) и нагласуваат дека, доколку се прифатат овие предлози граѓаните ќе плаќаат поскапи цени на комуналните услуги за да ги покријат трошоците на неплаќачите. 

Упатените за „Фактор“ посочуваат дека измените на законот за облигациони односи, ќе ги зголеми цените на услугите, особено на комуналните и банкарските услуги. 

Неколку големи компании и банки веќе испратиле дописи до Владата, Собранието и другите надлежни институции, во кои ги потенцираат штетните предлози и бараат итно повлекување на измените. 

Измените на ЗОО, кои се предложени од група пратеници, и кои веќе се во Собрание, влегуваат во забрзана постапка, односно се прават напори деновиве истите да бидат донесени по што ќе стапат на сила.

Со предлог измените кои се во Собранието, меѓу другото се предвидува неисплатената казнена камата да престане да тече во моментот кога ќе го достигне износот на главнината. 

Во дописот испратен од компаниите се укажува дека со ваквиот предлог казнената камата ја губи својата функција и ќе предизвика негативни финансиски ефекти, со што несовесните трговци, поединци и граѓани ќе бидат дополнително поттикнати да не ги подмируваат своите долгови, наспроти оние што навреме го правеле тоа.

Компаниите реагираат дека ваквиот измени создаваат дополнителни ризици и ги намалуваат можностите за наплата на побарувањата, а истовремени поттикнуваат неплаќање заради благите мерки.

Особено жестока е реакцијата за предлог измените на овој закон, што предвидуваат рокот на застареност да се намали на 5 години за долг, штета и слично и 10 години за извршна постапка. Се нагалсува дека, доколку се усвојат овие измени кои ги штитат неплаќачите, компаниите ќе изгубат огромни побарувања од своите конта. 

Според извори од бизнис секторот дел од компаниите ќе треба да се откажат од над 150 милиони евра по основ побарувања, врз основ на застареност од 5 години, како што предвидуваат овие измени на Законот за облигациони односи.

– Тоа ќе доведе до зголемување на цените на услугите за струја, телефон, интернет, вода и други услуги, вклучувајќи ги банкарските услуги. Значи овие предлог измени ќе им создадат повисоки трошоци на сите граѓани, а ќе ги заштитат тие што и досега не плаќале – велат од компаниите.

Оттаму додаваат дека дополнителна слабост на законот е ретроактивност на членот 2, која е спротивна на Уставот, со кој не е дозволено ретроактивно дејство на Нов закон, освен во исклучителни случаеви.

– Ваквите предлог измени се неуставни, но и штетни бидејќи ќе предизвикаат негативни финансиски последици, бидејќи голем дел од неплатените побарувања ќе треба да се отпишат, а дополнително на тоа, доверителите освен што ќе ги отпишат побарувањата, ќе бидат оптоварени со дополнителни извршни трошоци настанати во постапките за извршување. Со запирање на постапките извршителите ќе ги наплаќаат своите долгови од доверителите наместо од должниците – нагласуваат упатените во проблематиката. 

Во Собранието изминатиов период се доставени предлог измени на два закони со кои според најавите на владејачката партија треба да се скратат мактите на граѓаните. 

Имено, на предлог на неколку пратеници доставени се измени на Законот за облигациони односи и на Законот за извршување. Како што појаснуваа од СДСМ со измените се планира каматата да престане да тече кога ќе го достигне износот на главнината. 

– За долг од 1.000 денари, максималниот износ на каматата ќе биде 1.000 денари. Со ова, конечно завршува праксата граѓаните да плаќаат и до 10 пати поголем износ од она што навистина должеле. Законските измени предивдуваат и скртување на рокот за застареност од 10 на 5 години од правосилноста на одлуката. Со ова граѓаните дополнително се заштитуваат од извршени решенија, зголемени со енормни износи за камати – посочуваа од СДСМ.

Фактор веќе објави дека во Собранието се доставени законските измени на Законот за извршување, и кој заедно со измените на Законот за облигациони односи треба да ги скратат маките на граѓаните. 

П.О. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Избувна пожар над село Вражале: Екипите се на терен, за

16/08/2026
Македонија

Националниот парк „Пелистер“ ги поврзува Големо Езеро и Брајчино преку

16/08/2026
Македонија

Ангелов: Монтиравме базен до реката Треска за хеликоптерот да истура

16/08/2026
Македонија

Малолетници нападнале и му се заканувале на малолетник во Градски

16/08/2026
Македонија

Успешна спасувачка акција на Пелистер: Спасено повреденото лице

16/08/2026
Македонија

Туристи се качуваат по црквата „Св. Никола“ во Маврово, граѓаните

16/08/2026
Македонија

Експлозија во куќа во Бардовци: Оштетени скали, прозорец, возило, порта

16/08/2026
Македонија

Мицкоски по кривичните за водата во Гостивар: СДСМ го штити

16/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45052
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Избувна пожар над село Вражале: Екипите се на терен, за утрината се планира и воздушна

16/08/2026

Пожар избувна над скопското село Вражале, а екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје и Дирекцијата за заштита и спасување

Националниот парк „Пелистер“ ги поврзува Големо Езеро и Брајчино преку историскиот „Француски пат“

16/08/2026

Големо Езеро на Баба Планина ќе добие директна патна врска со преспанското село Брајчино преку реконструкција и ставање во функција

Ангелов: Монтиравме базен до реката Треска за хеликоптерот да истура вода на секои четири минути

16/08/2026

Директорот на ДЗС, Стојанче Aнгелов истакна дека заради зголемување на ефикасноста на полицискиот хеликоптер, кој учествува во гаснењето на пожарот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy