Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Повисоки даноци ќе има за луксузните возила и оние кои повеќе загадуваат
Економија

Повисоки даноци ќе има за луксузните возила и оние кои повеќе загадуваат

17/10/2023

AA

Од Министерството за финансии велат дека новата методологија за пресметка на данокот на моторни возила ќе има влијание кај луксузните возила со поголема моќност поради повисокото ниво на загадување.

Владата на седница денеска усвои измени на Уредбата за начинот на пресметка на данокот на моторни возила и на износите потребни за пресметка на данокот на моторни возила поради потребата од примена на нова методологија за пресметување на износот на издувните гасови од моторните возила, што е во насока на заштита на животната средина, исполнување на обврските од потпишаниот Климатски договор од Париз за намалување на нето-емисијата на стакленички гасови, како и усогласување со најновите ЕУ стандардите.

„Новата метода, која се заснова на мерење емисијата на издувни СО2 гасови во реална околина, претставува глобално усогласена постапка за испитување на нивото на емисија на јаглерод диоксидод моторните возила која е во задолжителна примена во ЕУ за сите новопроизведени возила од 2022 година, а истата овозможува подиректно поврзување на данокот на моторни возила со негативните екстерналии предизвикани од емисијата на CO₂ од возилата. Со пропишување на оваа метода во РС Македонија, се овозможува новите патнички моторни возила да бидат соодветно оданочени, и тоа согласно вредностите на просечната емисија на CO2 изразени во потврдата за сообразност за ЕУ одобрување на возилото (Certificate of conformity-COC) според WLTP методата. Со примена на пропишаните коефициенти за пресметка на специфичната компонента за CO2 на данокот на моторни возила се овозможува зајакнато оданочување со данокот на моторни возила на најголемите загадувачи, а кои спаѓаат во категоријата на луксузни патнички возила или многу стари возила кои се најмалку еколошки од аспект на загадување на животната средина. Целта е поттикнување на граѓаните и компаниите да инвестираат во набавка на возила кои исполнуваат повисоки еколошки стандарди, без оглед дали станува збор за набавка на нови или половни возила, и со тоа придонес кон декарбонизација на транспортот во земјата и намалување на загадувањето на воздухот“, велат од Министерството за финансии. 

Во согласност со податоците со кои располага Царинската управа за увоз на патнички автомобили во земјава, новата Уредба нема да има негативно финансиско влијание кај купувачите на нови возила, освен за оние возила кои спаѓаат во категоријата на луксузни или т.н. премиум возила. 

„Напротив, се очекува новата Уредба да изврши надолен притисок врз продажните цени на новите возила од ниска или средна класа. Што се однесува до половните патнички моторни возила, негативно финансиско влијание може да се забележи исто така кај возилата од полуксузните категории, како и кај многу старите возила. И во двата случаја – при набавка на нови или половни возила, Уредбата ќе се ефектуира врз износот на данокот на моторни возила кај возилата кои спаѓаат во групата на најголеми загадувачи со високи емисии на издувни СО2 гасови, а кои во земјава се увезуваат во помал број“, додаваат од Министерството за финансии. 

Процесот на подготовка на измени и дополнувања на Уредбата беше воден на транспарентен и инклузивен начин со одржување на консултации со претставници на Стопанските комори во земјата, од чија страна е изразена поддршка за усвојување на новата Уредба за начинот на пресметка на данокот на моторни возила и на износите потребни за пресметка на данокот на моторни возила.

foto freepik.com

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

📷 НЕСОВЕСНОСТА КРАЈ НЕМА! Исфрлија душеци во Националниот Парк „Галичица“

12/10/2026
Македонија

ПРЕКИНАТА БЛОКАДАТА НА ДЕПОНИЈАТА „КРАСТА“ Продолжува собирањето на сметот во

12/10/2026
Македонија

МОРА ДА СЕ ПОЧИТУВААТ СУДСКИТЕ ОДЛУКИ Министерството за правда за

12/10/2026
Македонија

НА ИВА МИХАИЛОВА Ѝ БИЛЕ ОДЗЕМЕНИ И ДВАТА ПАСОШИ!? Станува

12/10/2026
Македонија

ИЛИЈАНА ЈОТОВА УПОРНО „БАРА ПРИЕМ“ КАЈ ИВА МИХАЈЛОВА, АМА НЕМА

12/10/2026
Македонија

РАСТОТ НА БДП И НИСКАТА ИНФЛАЦИЈА НЀ ВБРОЈУВААТ ВО НАЈУСПЕШНИТЕ

12/10/2026
Македонија

ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ БУКОЈЧАНИ – КИЧЕВО Се гради клучната

12/10/2026
Македонија

БЕГСТВОТО НА МИХАИЛОВА ИСПРАЌА СЕРИОЗНО ПОГРЕШНА ПОРАКА! МНР ќе ги

12/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46124
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

📷 НЕСОВЕСНОСТА КРАЈ НЕМА! Исфрлија душеци во Националниот Парк „Галичица“

12/10/2026

Несовесни граѓани исфрлија кабаст отпад среде шума во Националниот парк Галичица, објави порталот Охрид1, кој добил фотографии од читатели. На

ПРЕКИНАТА БЛОКАДАТА НА ДЕПОНИЈАТА „КРАСТА“ Продолжува собирањето на сметот во Куманово

12/10/2026

Санирањето на депонијата ќе продолжи и во наредниот период, со цел Општина Куманово и ЈП „Чистота и зеленило“ да спречат

МОРА ДА СЕ ПОЧИТУВААТ СУДСКИТЕ ОДЛУКИ Министерството за правда за случајот со Ива Михаилова

12/10/2026

Министерството за правда изразува загриженост во врска со случајот со Ива Михаилова и нејзиниот прием на високо ниво во Софија,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy