Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПОВЕЌЕ ГРАДИНКИ И ПОМАЛКУ ПРЕДРАСУДИ – еве зошто жените помалку работат, од „домашни обврски“ остануваат без стаж
Економија

ПОВЕЌЕ ГРАДИНКИ И ПОМАЛКУ ПРЕДРАСУДИ – еве зошто жените помалку работат, од „домашни обврски“ остануваат без стаж

09/10/2024

AA

Воведување флексибилно
работно време и можности за работа од далечина, што ќе им помогне на жените да
ги усогласат семејните и работни обврски. Како и финансиски достапни услуги за
грижа за децата, инвестиции во објекти за грижа за деца и дневни центри, заедно
со кампањи за промовирање на нивната употреба. Ова се дел од препораките од
истражувањето насловено „Како против невидливите но секојдневни предизвици на
неактивните жени на пазарот на труд во Северна Македонија?“ изработено од
истражувачите на Институтот за економски истражувања и политики „Фајненс тинк“.

Нивната анализа
утврдила дека во нашата земја има четири клучни фактори кои придонесуваат
жените да бидат помалку активни пазарот на трудот. Тоа се родови стереотипи,
ставови за работата, културни норми за грижата за децата и културни норми за
домашните обврски.

– 
Резултатите
покажуваат дека жените во Северна Македонија имаат 8,8 отсто до 22,3 проценти
поголема веројатност да бидат неактивни, со возраста, образованието и бракот
како важни предиктори. Посилните родови стереотипи ја зголемуваат неактивноста,
додека позитивните ставови кон работата ја намалуваат. Присуството на деца,
исто така, игра важна улога, но не толку како специфичните културни ставови
поврзани со нив – се напоменува во истражувањето.

Истакнуваат дека
за надминување на состојбите во општеството неопходна е зголемена поддршка за
домаќинките и негувателките. Според аналитичарите, потребно е развивање на
политики за флексибилно работно време и опции за работа на далечина, што ќе им
помогне на жените да ги усогласат своите работни и семејни обврски.

Напоменуваат дека
е важно да се обезбедат и финансиски достапни услуги за грижа за децата и да се
охрабрат работодавците да спроведат флексибилни работни аранжмани. Потоа
потребни се инвестиции во објекти за грижа за деца и дневни центри, заедно со
кампањи за промовирање на нивната употреба.

– 
Поддршката
за самохрани мајки, вклучувајќи финансиска помош и можности за стручно
усовршување, ќе помогне да се намали влијанието на конзервативните културни
норми. Едукативните кампањи за родова еднаквост и за отстранување на
вкоренетите родови стереотипи се клучни. Создавање работна култура во
компаниите, која промовира родова различност и еднакви можности за напредување,
може да ја подобри активноста на жените на пазарот на трудот – напоменуваат аналитичарите.

Меѓу мерките кои
можат да придонесат за поголема вклученост на жените на пазарот на труд во
Македонија, според економистите е и квалификациите, подобрување на вештините и
знањето на неактивните жени. Предлагаат да продолжат политиките на инвестиции во
образовни можности, особено во стручно оспособување и високо образование, за да
се намалат образовните нееднаквости.

– 
Поддршката
за жени кои примаат социјална помош, особено во маргинализирани заедници, ќе им
помогне да ја прекинат спиралата на ниско образование и неактивност.
Применувајќи ги овие препораки, Северна Македонија може да се соочи со
комплексните предизвици што придонесуваат за неактивноста на жените на пазарот
на трудот, создавајќи поправедна работна сила која ќе може активно да учествува
во економијата. Образованието се покажа како значаен фактор кој ја намалува
веројатноста за неактивност. Жените со повисоко ниво на образование имаат
помала веројатност да се откажат од работата заради семејни или други причини.
Ова укажува дека образованието обезбедува економска сигурност и поголема
слобода за жените да останат активни на пазарот на трудот. Брачната состојба е
исто така важен предиктор. Бракот, генерално, ја намалува веројатноста за
неактивност, веројатно поради финансиската стабилност што ја носи брачната
заедница. Сепак, присуството на деца во домаќинството може да ја зголеми
веројатноста за неактивност, иако овој ефект не е секогаш статистички значаен –
се напоменува во анализата.

Аналитичарите
укажуваат дека иако децата ги зголемуваат обврските во домаќинството, ова не е
секогаш доволно силен фактор да ги извади жените од пазарот на трудот, туку
зависи од дополнителни околности како поддршка и финансиска сигурност.

Од друга страна
нагласуваат дека здравствената состојба е важен фактор, па при лошо здравје се зголемува
неактивноста, што, како што и посочуваат аналитичарите, е очекуван резултат,
бидејќи болест или инвалидитет се често наведувани причини за повлекување од
работната сила.

– 
Родовите
стереотипи, ставовите за работата, и културните норми поврзани со грижата за
децата и домашните обврски играат значајна улога во неактивноста на жените на
пазарот на трудот. За жените на возраст од 18 до 34 години, негативните ставови
кон работата значително предвидуваат неактивност, што укажува на тоа дека
младите перцепции за работата влијаат на нивната активност. Во групата од 35 до
49 години, негативните ставови продолжуваат да 
играат улога, со поголем ефект и почнуваат да се чувствуваат родовите
стереотипи, укажувајќи на зголемен притисок. За жените на возраст од 50 до 64
години, ставовите кон работата и традиционалните културни норми значително
влијаат на неактивноста. Конзервативните ставови во врска со домашните обврски
создаваат значителен притисок, особено поради историјата на транзицијата во Македонија,
која оставила многу жени без работа во 90-тите години – се посочува во
анализата.

П.О. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СТУДЕНО УТРО, А ПОТОА ВИСОКИ 27 СТЕПЕНИ Голема температурна разлика

02/10/2026
Македонија

НОВА ИНВЕСТИЦИЈА НА ПОПОВА ШАПКА Нема повеќе долги чекања за

02/10/2026
Македонија

СИЉАНОВСКА ДАВКОВА СО ЈАСНА ПОРАКА ДО ФОН ДЕР ЛАЈЕН Македонија

02/10/2026
Македонија

ДРУГАРЧЕ НА ЗАЕВ ЈА ДЕЛЕШЕ ИНДИЈА, ПА СЕГА И НАС

02/10/2026
Македонија

37 ЛОКАЦИИ ПРЕТРЕСЕНИ, 21 ОСОМНИЧЕН, НАЈДЕН СЕФ СО НАД 50.000

02/10/2026
Македонија

МУЦУНСКИ ПОБАРА СРЕДБА СО БУГАРСКАТА МИНИСТЕРКА Разговорите би се одржале

02/10/2026
Македонија

КОЦЕВСКА СЕ СОМНЕВА ДЕКА ОДЛУКАТА ЗА ПРИТВОР НА ДЕКО Е

02/10/2026
Македонија

ПЛАТФОРМАТА 12.05 ДОСТАВИ ПРЕДЛОЗИ ЗА СТРУКТУРНИ ПРОМЕНИ ВО СДСМ Даваат

02/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45949
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СТУДЕНО УТРО, А ПОТОА ВИСОКИ 27 СТЕПЕНИ Голема температурна разлика низ Македонија

02/10/2026

Метеоролозите најавуваат ведро и студено утро, а во текот на денот сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува

НОВА ИНВЕСТИЦИЈА НА ПОПОВА ШАПКА Нема повеќе долги чекања за влез на скијачките патеки

02/10/2026

На Попова Шапка се поставени нови порти за скенирање на билетите пред жичниците и ски-лифтовите, со што ски-центарот најавува побрз

СИЉАНОВСКА ДАВКОВА СО ЈАСНА ПОРАКА ДО ФОН ДЕР ЛАЈЕН Македонија заслужува да биде со најнапредните

02/10/2026

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на денешната средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изразила благодарност за растечкиот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy