Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПОТВРДЕН НОВ СЛУЧАЈ НА ПТИЧЈИ ГРИП ВО ЗЛОКУЌАНИ: АХВ издаде и решение за заштитни мерки за болеста син јазик
Економија

ПОТВРДЕН НОВ СЛУЧАЈ НА ПТИЧЈИ ГРИП ВО ЗЛОКУЌАНИ: АХВ издаде и решение за заштитни мерки за болеста син јазик

31/10/2024

AA

Со  лабораториски наод  од Националниот институт  за храна 
и ветеринарство при Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје (ФВМ) од
28.10.2024 година, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), потврди нов
случај на болеста високо патогена авијарна инфлуенца H5N1 (птичји грип) кај
1 угината дива птица – гуска во резиденцијалниот комплекс Свети Јован во
скопско Злокуќани. 

Направено е лабораториско тестирање на 2 живи птици (лебеди)
кај кои не е утврдено присуство на вирусот. Денес се преземаат мерки за заловување
на другите птици во комплексот, кај кои ќе се врши лабораториско тестирање за
утврдување на присуство на болеста.

– АХВ донесе
решение за прогласување на болеста и нареди спроведување на заштитни и
контролни мерки, со цел спречување на ширење и сузбивање на оваа зооноза –
убивање и нештетно отстранување на затекнати диви птици на локацијата, освен
птиците кои се чуваат во затворен простор и од кои се земаат мостри за
лабораториско тестирање за утврдување на присуство на птичји грип,  наредено е спроведување на дезинфекција на
одгледувалиштето, забрането е движење на живина и други птици во и од
одгледувалиштето без одобрение на официјален ветеринар.

Покрај овие
мерки наредено е и затворање на живината/птиците во нивните одгледувалишта,
земање на мостри од угинати птици за утврдување на присуство на вирусот,
забрана за одржување на саеми, изложби, пазари и други собири на живина или
птици од наведеното епизотиолошко подрачје – се нагласува во соопштението испратено од АХВ. 

Напоменуваат дека е задолжително пријавувањето на  промени во
здравствената состојба и зголемена смртност на живината и дивите птици, до
надлежен официјален ветеринар, како и примена на биосигурносни мерки при
спроведување на сите активности на одгледувалиштето.

– Болеста
најчесто се шири преку птиците преселници кои се сметаат за нејзин резервоар.
Се работи за зооноза од која првенствено заболуваат птиците, но и луѓето и
затоа АХВ  апелира на внимателност и
преземање на заштитни мерки  за
категориите на лица кои се изложени на ризик (близок контакт со
заразени птици или во високо контаминирана средина) – додаваат во соопштението. 

СИН ЈАЗИК

АХВ воедно информира за решение и за воведување
заштитни мерки  во однос на болеста син
јазик кај говеда овци и кози, на целата територија на земјава, по лабораториска
потврда на присуство на болеста во две одгледувалишта во Демир Капија. Таму од
190 животни, угинати се 7, а десеттина се со клиничка слика карактеристична за
оваа болест и зголемена телесна температура, се нагласува во соопштението. 

– Станува збор за болеста која
задолжително се пријавува. Луѓето не заболуваат. Болеста Син јазик е неконтагиозно
вирусно заболување кај домашните и дивите преживари. Претежно се јавува кај
овците, но, заболуваат и говедата, козите, биволи, кај антилопите, елените,
срните и камилите. Се пренесува преку инсекти (комарци) од видот Culicoides.
Болеста не се пренесува од животно на животно. Векторите се заразуваат со
вирусот по цицање крв од инфицирано животно – укажуваат од АХВ.

До донесеното решение,  забрането е движење на сите преживни животи
во и од одгледувалиштето најмалку 30 дена по последниот случај на болеста,  спроведување на епидемиолошко испитување во
заразеното одгледувалиште за утврдување на можниот извор на инфекцијата,
местата на присутност и распространетост на векторот ( преносителот), преземање
мерки за спроведување на редовна дезинсекција на заразените одгледувалишта
најмалку еднаш неделно, како и третман на животните со репеленти. Хумано
убивање на заболените животни со тешка клиничка слика ќе се врши по налог на
официјален ветеринар, по претходно мислење од доктор по ветеринарна медицина од
надлежното ветеринарно друштво.

– Задолжително е пријавување на секој
сомнеж на болеста и угинување на животните до овластените ветеринарни друштва,
односно до официјалниот ветеринар. Сточарите имаат обврска за поставување на
мрежи за заштита од инсекти на прозорците на фармите, секојдневно чистење на
одгледувалиштата и заштита со најлонска фолија на  исчистеното ѓубре и простирката, отстранување
на местата каде има заостаната вода, а кои се подобни за размножувцање на
векторите како и забрана за напасување на добитокот во временски период од 17
до 9 часот наутро, кога нивната активност е најголема – додаваат од Агенцијата.

Притоа посочуваат дека на целата територија на земјава се
забранува движење на сите преживни животни – говеда, овци и кози во и од
одгледувалиште, освен ако животните се упатуваат во кланица, а се  забранува и работа на добиточните пазари,
изложби или друг вид настани за сите видови преживни животни. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СЛЕДНАВА НЕДЕЛА ПОВЕЌЕ СОНЦЕ И ПРОЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ Топли воздушни маси

22/02/2026
Македонија

БАЛИЊАТА КАНАБИС КАМУФЛИРАНИ КАКО „КВАЛИТЕТНИ ЛЕСНИ ПЕРНИЦИ“ Се открива софистицираната

22/02/2026
Македонија

Две ретки птици мршојадци пронајдени угинати во Кавадаречко

22/02/2026
Македонија

6 ОД 10 ФИРМИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА КАНАБИС ЌЕ ГИ ИЗГУБАТ

22/02/2026
Македонија

Како осомничениот убиец од кумановско останал незабележан од институциите?

22/02/2026
Македонија

Министерот Алиу откри колку фабрики за марихуана останале без лиценца!

22/02/2026
Македонија

НЕКОЛКУ СТОТИНИ МАСКИ ГИ РАЗВЕСЕЛИЈА ПРИЛЕПЧАНИ Традиционално, парадата ја предводеа

22/02/2026
Македонија

Луна парк до јуни 2027? Градот во финална фаза на

22/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41789
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СЛЕДНАВА НЕДЕЛА ПОВЕЌЕ СОНЦЕ И ПРОЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ Топли воздушни маси доаѓаат од југ

22/02/2026

Во текот на целата седмица што претстои Македонија ќе биде под влијание на стабилна, сува и значително потопла воздушна маса

БАЛИЊАТА КАНАБИС КАМУФЛИРАНИ КАКО „КВАЛИТЕТНИ ЛЕСНИ ПЕРНИЦИ“ Се открива софистицираната мрежа за шверцот со марихуана

22/02/2026

Софистициран канал за шверц на марихуана од Македонија кон Србија функционирал под маска на легална трговија со текстилна стока. Дрогата

Две ретки птици мршојадци пронајдени угинати во Кавадаречко

22/02/2026

Надлежните служби спроведуваат постапка за утврдување на причините поради кои две ретки птици од видот мршојадец биле пронајдени угинати во

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy