
Потона карго брод кај Лезбос со 14 морнари, само еден пронајден засега
Морнар од товарниот брод РАПТОР, кој потона кај Лезбос, бил лоциран и жив собран од хеликоптер на грчката морнарица. Товарниот брод со 14 членови на екипажот носел сол и пријавил механички дефект во 7 часот наутро по локално време. Членовите на екипажот се двајца Сиријци, четворица Индијци и осум Египќани.
Во 8:20 часот, бродот го активирал сигналот за помош „Mayday, Mayday“ кон бродовите што минувале, а потоа исчезнал од радарот. Според соопштението на крајбрежната стража, бродот потонал во морската област на 4,5 наутички милји југозападно од Лезбос.
Бродот тргнал од Децелија во Египет натоварен со сол и крајната дестинација било пристаништето во Истанбул. Проценките укажуваат дека веројатно поради силните бранови – во конкретното морско подрачје преовладувале силни северозападни ветрови со јачина од 8 бофори – водата се излеала во амбарите, поради што поголемиот товар дел од товарот се навалил.
Во областа трагаат пет товарни бродови, додека три брода на крајбрежната стража запловија и еден хеликоптер на воздухопловните сили и еден хеликоптер на морнарицата полетаа. Активирана е и фрегата на морнарицата.