Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди 1 милијарда евра во 4 годишен мандат или 250 милиони годишно за општините за капитални инвестиции, ќе покажеме дека не се сите исти
Македонија

Мицкоски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди 1 милијарда евра во 4 годишен мандат или 250 милиони годишно за општините за капитални инвестиции, ќе покажеме дека не се сите исти

26/11/2023

AA

Проектот кој ВМРО-ДПМНЕ има намера да го аплицира, тоа е проектот да обезбедиме 250 милиони евра годишно од централниот буџет за инвестиции капитални во општините за основни потреби. Затоа што овие од безрбетници кои ја понижија и опљачкаа Македонија устата им е полна со Европа, но некако граѓаните во Македонија ги немаат можностите да ги имаат основните услови за живот, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната дебата „Платформа за иднина – Економски принципи“ во рамки на кампањата Важно е! Од тебе зависат промените“.

Мицкоски истакна дека сега со оваа влада граѓаните немаат водоводи, немаат канализација, немаат асфалт, нема училишта, нема градинки.

– Нашиот пристап ќе биде спротивен на нивниот, да интеграциите на Македонија во Европа, но приоритет се нашите граѓани. Тие се нашиот суверен, тие ни ја даваат довербата и ајде да видиме сега кои се нивните потреби и ние од централниот буџет да инвестираме да можат тие пари потоа да ги обезбедат основните потреби за нашите сограѓани, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека такви ќе бидат инвестирани во еден 4 годишен мандат околу 1 милијарда евра или 250 милиони евра годишно.

– Ние нема да бидеме влада која ќе инвестира само во општините каде што се градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, туку планираме да бидеме влада која ќе инвестира на целата територија без разлика од која политичка партија е градоначалникот или пак е независен. Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ планира веднаш половина од оваа сума во 2024 година да инвестира и цела сума во 2025 година. Тоа ќе биде еден од водечките проекти, да ја доближиме работата владата до секој наш граѓанин. Перцепцијата кај народот сега е дека сите се исти, да ја смениме таа перцепција, да може граѓаните го почувствуваат бенефитот од работата на владата, рече Мицкоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Повторно безбедна за пиење водата од градскиот водовод во Гостивар,

14/08/2026
Македонија

Трето вонредно прскање против комарци во Драчево

14/08/2026
Македонија

Пет македонски семејства побарале помош за евакуација од подрачјата зафатени

14/08/2026
Македонија

Ахмети: Ја сакам Македонија колку што ја сакаат Мицкоски и

14/08/2026
Македонија

Еден пожарникар со изгореници, вчерашниот ден бил еден од најтешките

14/08/2026
Македонија

Од Охридско езеро извлечено тело на 46-годишен маж од Грузија

13/08/2026
Македонија

Скопјанец си го пронашол починат сопствениот син!

13/08/2026
Македонија

Трагедија во Аеродром: Работник почина откако го прегазил виљушкар кој

13/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45015
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Повторно безбедна за пиење водата од градскиот водовод во Гостивар, соопшти Ангелов

14/08/2026

Жителите на Општина Гостивар повторно можат да ја користат водата од градскиот водовод за пиење, бидејќи е безбедна, соопшти денеска

Трето вонредно прскање против комарци во Драчево

14/08/2026

Центарот за јавно здравје, во соработка со Општина Кисела Вода, вечерва спроведува трета вонредна акција за дезинсекција. Третманот ќе го

Пет македонски семејства побарале помош за евакуација од подрачјата зафатени со пожарите во Грција

14/08/2026

До овој момент вкупно пет македонски семејства побарале помош или асистенција при евакуација од подрачјата зафатени со пожарите во Грција,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy