Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Потерници за седум членови од криминалната група Дуќанџик, најмладиот е на 20 години
Македонија

Потерници за седум членови од криминалната група Дуќанџик, најмладиот е на 20 години

04/03/2024

AA

Македонската полиција утрово на својата веб страница објави седум потерници по членови на криминалната група Дуќанџик кои во моментов се недостапни за органите на прогонот. Тие се бараат со меѓународна потерница поради инволвирана во недозволена трговија со дрога.

Најмладиот е Шакир Бајрами кој има само 20 години, останатите се: Мухамед Чајани, Сефедин Сулејамни, Шеваљ Муареми, Дритон Ибиши, Шукри Асани и Бесим Асани.

А каде се крие Муареми? Она што веќе го знаеше јавноста го потврди и шефот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам Абази.

„Во комуникација сме со властите од Дубаи за Шеваљ. Ќе се бара негова екстрадиција“, рече во петокот на брифинг со новинари шефот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Ислам Абази.

Муареми, како објави КОД заминал во Дубаи со целото семејството веднаш по убиството на неговиот другар и исто така водач на групата Јетон Кривањева Жила во Шиша бар во скопската стара чаршија.

Дека Шеваљ е во Дубаи сведочат и неговите објави и фотографии на социјалните мрежи.

Второосомничениот 50-годишниот Дритон Ибиши е во Каталонија, во притвор за друго кривично дело. Ќе се бара и негова екстрадиција. Со години живее во Барселона, а неодамна бил во посета на Македонија.

И заменикот на Шеваљ кој раководел со групата во земјава, Мухамед Далипи викан Руди се бара со потерница. Најверојатно е во Косово.

Оваа група организирала две набавки и транспорти на кокаин од латиноамериканските држави до земјите од Европска унија и Македонија, а има докази за вклученост во убиства и обиди за убиства.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy