Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Никој не сака да се потпише за Томе Николовски, само тој има нула потписи
Македонија

Никој не сака да се потпише за Томе Николовски, само тој има нула потписи

04/03/2024

AA

Гордана Силјановска Давкова добила 28029 потписи, а Стево Пендаровски 21852 потписи. Државната изборна комисија ги соопшти бројките до полноќ.

„Дозволете ми во лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ да се заблагодарам на секој граѓанин кој го даде својот потпис за кандидатурата на професорката Гордана Силјановска Давкова. Историски најголем одзив досега, собрани се над 28.000 потписи за помалку од 12 часа“, рече портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митрева.

Според податоците од ДИК, во овие пет дена, ниту еден потпис нема за кандидатот Томе Николоски. Потпис за подносителите на кандидатура за претседател на државата оставиле вкупно 108 409 граѓани.

До петок трае собирањето потписи од граѓаните за кандидатите за претседател на претстојните избори.

На листата кандидати кои ги собраа потребните 10 000 потписи, изминатите денови се најдоа и кандидатот од СДСМ Стево Пендаровски и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска.

Кога подносител на листа на кандидат за претседател е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 10.

000 потписи од запишаните избирачи во Избирачкиот список, додека кога подносител на листа на кандидат за претседател се пратеници, потребно е да се соберат најмалку 30 потписи од пратениците.

Учесниците на изборите, листите со кандидати за претседател на државата треба да ги достават до ДИК најдоцна до 19 март, на полноќ.

Двете најголемите политички партиии решија да атакуваат по фотелјата на „Вила Водно“ со ист претседателски кандидат како во 2019 година.

Инаку, во истите овие подрачни канцеларии и одделенија на Државната изборна комисија во кои граѓаните се потпишуваат за претседателските кандидати, може да се изврши и увид во Избирачкиот список и да се поднесе барање за впишување, промена или испишување. Увид во избирачкиот список граѓаните може да извршат и на интернет страната на Државната изборна комисија.

Претседателските избори во првиот круг се одржуваат на 24 април, а вториот круг на 8 мај.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од

12/08/2026
Македонија

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија

12/08/2026
Македонија

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот

12/08/2026
Македонија

Повеќе лица повикани во полиција по ширењето информации за наводна

12/08/2026
Македонија

Пожар го зафати подрачјето кај Манастирски Доленци, се бара помош,

12/08/2026
Македонија

Авантура од 1.974 километри: Иван и Спасе ќе го освојуваат

12/08/2026
Македонија

Општината требало да реагира откако „Пулс“ бил нелегално пренаменет –

12/08/2026
Македонија

Изречена првата казна за напуштање новородени животни: Скопјанец ќе плати

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44989
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од земја и воздух

12/08/2026

Пожарот кој изби во општината Студеничани, во близина на местото Рамни Габер, продолжува да гори и во текот на ноќта.

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија апел за итно отворање центар

12/08/2026

По долга и исцрпувачка борба на ветеринарниот тим и активистите, познатиот срнак Мартин денеска подлегна на тешките повреди. Неговата состојба

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот на ноќта

12/08/2026

Пожарот кој се прошири од село Моране зафати дел од подрачјето на село Габер, каде што во текот на денот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy