Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Потег за почит и пример! Кој за една година донираше 2,1 милиони евра во македонски ракомет?
Економија

Потег за почит и пример! Кој за една година донираше 2,1 милиони евра во македонски ракомет?

12/09/2024

AA

„Алкалоид“ е македонски фармацевтски гигант, а воедно и бизнис амбасадор на нашата земја во светот. Еден од неколкуте најпрепознатливи извозни брендови на Македонија. Компанија која лани оствари приход од над 280 милиони евра, еден од најголемите извозници и компанија што редовно ги наградува своите акционери. Нивната посветеност на ракометот е позната одамна, а од пред три години системски се фокусирани за клубскиот ракомет преку новоформираниот клуб и најмлад суперлигаш „Алкалоид“. Како што оди имаме основа да веруваме дека наскоро и овој наш ракометен клуб ќе го повтори епскиот успех на легендарниот РК „Вардар“

Македонскиот фармацевтски гигант „Алкалоид“ во 2023 година донираше вкупно 2,1 милиони евра во македонските ракометни клубови „Алкалоид“ и „Мулти Есенс“, потврдуваат официјалните финансиски извештаи на двата ракометни клуба.

Според јавно достапните финансиски извештаи поголемиот брат односно ракометниот клуб „Алкалоид“ лани од „Алкалоид“ добил вкупни донации во вредност од 1,8 милиони евра. Од тоа во тек на годината околу 41.000 евра се вложени во спортска опрема, за бруто плати и останати трошоци за вработени се платени 255.000 евра, за вложувања во спортската сала во скопска Автокоманда се вложени 354.000 евра, а за режиски трошоци се платени 324.000 евра. Најголема ставка на расходната страна се услугите по дговор на дело за што клубот на свои ракометари платил 711.000 евра.

Буџетот односно приходите кои ги добил од „Алкалоид“ истоимениот ракометен клуб во 2023 година се три пати повисоки во споредба со претходната 2022 година во која изнесувале 600.000 евра. Овие податоци се доказ за тоа колку фарамцевтскиот гигант „Алкалоид“ посветува внимание на ракометот.

Ракометниот клуб „Алкалоид“, кој е формиран во 2021 година, последната натпреварувачка сезона ја заврши на третото место. Годинава по почетокот на новата сезона во супер дербито во првото коло „Алкалоид“ го победи најпознатиот македонски ракометен клуб и двократен европски првак „Вардар“ со 33:30 на домашен терен во Автокоманда.

Тоа е втора победа на „Алкалоид“ над големиот ривал по победата во Суперкупот на Македонија.

Помалиот брат на РК „Алкалоид“ е именуван по козметичката линија на фармацевтскиот гигант „Мулти Есенс“. Тоа е екипа која претежно е составена од млади ракометари кои се потенцијал за првиот клуб.

За овој клуб лани „Алкалоид“ донираше 300.000 евра. И овој клуб успеа лани да игра во македонската Супер раометна лига што укажува на тоа дека „Алкалоид“ избрал вистински правец со тоа што има силна младинска школа која се кали во силна конкуренција.

Финансиските извештаи за двете спортски друштва се достапни на следниот линк https://www.mse.mk/mk/announcement

Повеќе детали за ракометарите на „Алкалоид“ на следниот линк https://www.rkalkaloid.mk/

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy