
ПОТЕГ КОЈ ДОБИ ПОФАЛБИ: Млад човек спасува куче, магаре и коњ од пожарите во Грција
Летово Грција се бори со пожари, а се појави фотографија на која се гледа како неименуван млад човек спасува куче, магаре и коњ, додека зад него има огромен пламен.
Неговите фотографии станаа симбол на љубовта кон животните на социјалните мрежи. Младиот човек доби многу пофалби на социјалните мрежи, а имаше и такви кои коментираа дека тој е новиот Ное.
Најдени се 18 јагленосани тела на грчкиот остров Еврос.
Пожарите во Грција го затемнија небото на неколку туристички дестинации. Сиво е небото над Тасос.

