Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Магија во длабочините на Охридското Езеро: Елка под вода за „малите херои“ со ретки болести
Македонија

Магија во длабочините на Охридското Езеро: Елка под вода за „малите херои“ со ретки болести

21/12/2025

AA

Празничната магија не ги заобиколи ниту длабочините на Охридското Езеро. Традиционално, и оваа година блесна новогодишна елка под површината на водата кај комплексот „Заливот на коските“ – Музеј на вода.

Оваа уникатна празнична честитка пристигна благодарение на нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“, кои во координација со Здружението за ретки болести и со поддршка на волонтерите на Црвениот крст од Охрид, ја продолжија оваа убава традиција.

Порака на надеж од дното на езерото
Овогодинешната акција не е само атракција, туку носи и силна, емотивна порака. Таа е посветена на оние кои секојдневно водат свои тивки битки.

„Оваа празнична акција е посветена на децата со ретки болести, малите херои кои нè учат на сила, надеж и љубов секој ден. Нека празничниот дух стигне до секое срце и донесе здравје, топлина и поддршка таму каде што е најпотребна“, порачаа од „Амфора“.

Оваа подводна елка стана препознатлив симбол на Охрид пред празниците, потсетувајќи дека хуманоста и убавината немаат граници – ниту над, ниту под водата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ИНФЕКЦИИ, ОТПОРНОСТ НА АНТИБИОТИЦИ И ОПАСНОСТ ЗА ЗДРАВЈЕТО: Пронајдена опасна

03/08/2026
Македонија

Приведен стружанец во Ташмаруништа: Навредувал јавни личности на прославата за

03/08/2026
Македонија

Се одбележување Светската недела на доењето: Одржлив почеток во животот

03/08/2026
Македонија

ИНЦИДЕНТ ВО ОХРИДСКО: Физички напад со метален предмет по спортски

03/08/2026
Македонија

Приведен млад охриѓанец, агресивно се однесувал дома!

03/08/2026
Македонија

Приведен маж од Кичево, пијан и без возачка со возилото

03/08/2026
Македонија

ГОЛЕМ МЕТЕЖ НА ГРАНИЦА: Над 17.000 лица ја напуштија земјата

03/08/2026
Македонија

Изгаснати 29 пожари на отворен простор – пожарот во Македонски

03/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44827
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ИНФЕКЦИИ, ОТПОРНОСТ НА АНТИБИОТИЦИ И ОПАСНОСТ ЗА ЗДРАВЈЕТО: Пронајдена опасна бактерија во водата за пиење

03/08/2026

Водата за пиење во Гостивар е микробиолошки неисправна и небезбедна за консумирање поради присуство на опасната бактерија Pseudomonas aeruginosa (Псеудомонас

Приведен стружанец во Ташмаруништа: Навредувал јавни личности на прославата за Илинден

03/08/2026

На 02.08.2026 година во 14:15 часот, во струшкото село Ташмаруништа лишен од слобода е С.Г.(52) од Струга по претходна пријава

Се одбележување Светската недела на доењето: Одржлив почеток во животот

03/08/2026

По повод Светската недела на доење, што годинава се одбележува под мотото „Доење за одржлив почеток во животот – да

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy