Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПОСТИГНАТ ДОГОВОР – Што одлучија Брисел и Берлин во однос на автомобилите на еколошки горива?
Економија

ПОСТИГНАТ ДОГОВОР – Што одлучија Брисел и Берлин во однос на автомобилите на еколошки горива?

27/03/2023

AA

Европската Комисија се согласи да предложи правен пат за изземање на автомобилите со класичен мотор од исклучувањето од ЕУ во 2035 година за да се реши спорот со Германија околу политиките за климатски промени.

Сепак, овој договор има една „замка“, ќе се продаваат возила со класични мотори и по 2035 година – но само доколку користат т.н. е-горива. 

Германското Министерство за транспорт веќе неколку недели ги блокираше плановите на ЕУ да ја блокира продажбата на нови автомобили кои испуштаат јаглерод диоксид до 2035 година, бидејќи бара изземање за автомобилите што се напојуваат со еколошки горива од мотори со внатрешно согорување.

Во нацрт-документот на Европската комисија, кој го виде агенцијата Ројтерс, се наведува како ЕУ планира да го одобри тој исклучок како дел од договорот постигнат меѓу Берлин и Брисел на крајот на минатата недела.

Кога членките на ЕУ ќе одобрат постепено укинување на возилата со сомнителен погон до 2035 година, Европската комисија ќе формира нова категорија за автомобили кои работат на горива без јаглерод.

Во документот се посочува дека Европската комисија ќе претстави уште една регулатива која одредува како овие автомобили можат да придонесат за постигнување на целта до 2035 година.

Аналитичарите сугерираат дека тој ќе биде во форма на делегиран акт, што е тип на закон што ќе биде тешко да го отфрлат членките на ЕУ и членовите на Европскиот парламент.

Како дополнителна гаранција за Германија, Европската комисија најави дека, доколку постои ризик нацртот да биде отфрлен, тој ќе следи „друг законски пат“ кој овозможува продажба на возила на поеколошки горива, пренесува Ројтерс.

Talks between Germany’s Transport Ministry and the European Commission about the planned end of new combustion engines from 2035 are moving forward, the ministry said on Monday, but added it could not say when an agreement would be reached. https://t.co/M9aeDIImuX

— Reuters Science News (@ReutersScience) March 20, 2023

Договорот го отвора патот министрите-членки на ЕУ утре да дадат конечно одобрение за законот за постепено укинување на моторите со внатрешно согорување до 2035 година.

Италија денеска побара да се одложи гласањето и тврдат дека им треба дополнително време да го разгледаат договорот и амбасадорите во текот на денот ќе донесат одлука дали планираното гласање ќе продолжи.

Минатата есен беше објавено дека од 2035 година на патиштата во ЕУ ќе се пропуштаат само користени автомобили на бензин и дизел, а сите нови ќе мора да бидат електрични. Но, подоцна се променија ставовите, и се направија остапки од овој договор. 

Застапниците на е-гориво веруваат дека луѓето и онака масовно ќе возат стари автомобили, па затоа е подобро да им се понуди чисто гориво. И дека брзата транзиција кон целосно електрична флота е утопија, но и поради огромната количина на литиум и други барани елементи кои се потребни во производството.

Противниците, пак, велат дека за да се направи е-гориво, потребно е да се потроши огромна количина на струја, која подобро би се искористила за директно полнење на електричните автомобили.

Фото: Принтскрин/Твитер

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пензиите ќе пораснат до 3,5 проценти, точниот износ ќе се

28/08/2026
Македонија

За едно деноноќие приведени 16 возачи за „безобѕирно управување“

28/08/2026
Македонија

ВИДЕО Големо количество сахарска прашина над Македонија

28/08/2026
Македонија

8 активни пожари на отворено, три се под контрола

28/08/2026
Македонија

Завршува летниот режим: ЈСП од 1 септември со зимски возен

28/08/2026
Македонија

Семејна драма во Македонска Каменица: Снаата ја нападнала свекрвата, па

28/08/2026
Македонија

Венецуелка пријавила физички напад во апартман во Центар, ѝ биле

28/08/2026
Македонија

Муцунски се прости од кралот Харалд V: „Длабоко сум погоден

28/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45314
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пензиите ќе пораснат до 3,5 проценти, точниот износ ќе се знае во септември

28/08/2026

Пензионерите на почетокот на септември ќе дознаат колкаво ќе биде новото зголемување на пензиите, а првичните пресметки покажуваат раст од

За едно деноноќие приведени 16 возачи за „безобѕирно управување“

28/08/2026

Непочитувањето на сообраќајните правила повторно резултираше со голем број полициски интервенции низ земјава. Во текот на изминатото деноноќие, 16 возачи

ВИДЕО Големо количество сахарска прашина над Македонија

28/08/2026

Жешкиот воздушен бран од Африка денеска носи и зголемено количество сахарска прашина и песок над Македонија, поради што атмосферата на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy