Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АНТОНИО ЈОЛЕВСКИ НАЗНАЧЕН ЗА В.Д. ШЕФ НА ВИШОТО ОБВИНИТЕЛСТВО БИТОЛА Неговиот претходник е осомничен за мито и има забрана за активности на работното место
Македонија

АНТОНИО ЈОЛЕВСКИ НАЗНАЧЕН ЗА В.Д. ШЕФ НА ВИШОТО ОБВИНИТЕЛСТВО БИТОЛА Неговиот претходник е осомничен за мито и има забрана за активности на работното место

14/10/2026

AA

Поранешниот претседател на Советот на јавните обвинители, Антонио Јолевски, е назначен за вршител на должноста виш јавен обвинител во Битола на местото на Пецо Везировски, кој е осомничен за Примање награда за противзаконито влијание.

Одлуката е донесена на 53. седница на Советот на јавните обвинители, одржана на 13 октомври, откако Основниот кривичен суд Скопје го известил Советот дека против Везировски е определена мерка на претпазливост со која му се забранува преземање определени работни активности поврзани со кривичното дело, односно активности на неговото работно место.

„Под точката разно, претседателот на Советот ги запозна другите членови со известувањето на Основниот кривичен суд Скопје дека против јавен обвинител е определена мерка на претпазливост – забрана за преземање определени работни активности, кои се поврзани со кривичното дело, односно работни активности на неговото работно место, поради што Советот донесе одлука да се стави надвор од сила одлуката со која јавниот обвинител е определен за в.д. виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Битола. Поради ваквата состојба, Советот одлучи да донесе одлука за назначување на јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство Битола, Антонио Јолевски, за в.д. виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Битола“, соопштени Советот на јавните обвинители.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција на 7 октомври информираше дека е поведена постапка против виш јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Битола поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело Примање награда за противзаконито влијание. Според соопштението од ОЈО ГОКК, преку повеќе дејства и примена на посебни истражни мерки се обезбедени докази дека тој ги искористил своето реално влијание и службената положба за недозволено да влијае врз одлучувањето на колеги јавни обвинители и судии во најмалку 4 одделни предмети на подрачјето на кое ја вршел својата функција. Притоа ургирал за пониски казни или за да обезбеди поповолна позиција за осомничени или обвинети лица во кривична постапка.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА ВО ЗАЕДНИЧКА АКЦИЈА СО ФБИ Кривична за 20-годишник

14/10/2026
Македонија

АНТОНИО ЈОЛЕВСКИ НАЗНАЧЕН ЗА В.Д. ШЕФ НА ВИШОТО ОБВИНИТЕЛСТВО БИТОЛА

14/10/2026
Македонија

МИЦКОСКИ ЈА ПОКАНИ ОПОЗИЦИЈАТА ВО ТИМОТ ШТО ЌЕ ВОДИ ДИЈАЛОГ

14/10/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА УАПСИ ТРОЈЦА СКОПЈАНИ Со закани и уцени барале 10.000

14/10/2026
Македонија

ПРИЈАВЕТЕ СЕ ЗА ВАКЦИНА ПРОТИВ СЕЗОНСКИ ГРИП! Активиран е сајтот

14/10/2026
Македонија

ВЕШТАКОТ НА ОДБРАНАТА ТВРДИ ДЕКА ВО „ПУЛС“ НЕМАЛО РЕКОНСТРУКЦИЈА, ТУКУ

14/10/2026
Македонија

ЖЕНА ОД РОСОМАН ПОЧИНА ОД ЗАПАДНО-НИЛСКА ТРЕСКА Од 25 септември

14/10/2026
Македонија

ПОЛИЦАЕЦ ПУКАЛ ВО ВОЗДУХ ВО КРАТОВО Со службениот пиштол стрелал

14/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46164
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА ВО ЗАЕДНИЧКА АКЦИЈА СО ФБИ Кривична за 20-годишник од Тетовско, разбиен пазар за

14/10/2026

Како резултат на успешна координирана истрага меѓу Министерството за внатрешни работи и Федералното истражно биро на САД (ФБИ), откриен е

МИЦКОСКИ ЈА ПОКАНИ ОПОЗИЦИЈАТА ВО ТИМОТ ШТО ЌЕ ВОДИ ДИЈАЛОГ СО БУГАРИЈА Нема поместување ниту

14/10/2026

Европската Унија останува стратешка цел на државата и во тој поглед нема никакво поместување, порача премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на

ПОЛИЦИЈАТА УАПСИ ТРОЈЦА СКОПЈАНИ Со закани и уцени барале 10.000 евра од делчевец

14/10/2026

Во полициската акција „Чистач“ уапсени се тројца скопјани за уцена и закани. Во рамки на оперативната акција „Чистач“, полициски службеници

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy