Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Османи вели дека поради партиски цели е создаден пропагандистички наратив за уставните измени
Македонија

Османи вели дека поради партиски цели е создаден пропагандистички наратив за уставните измени

27/03/2023

AA

Министерот за надворешни работи Бујар Османи верува дека никој нема да се осмели да ја стави државата во изолација во моментот кога ќе треба да се гласа за уставните измени.

– Мислам дека комуникациите на земјите членки, на сериозни партнери кои даваат гаранција за кредибилноста на процесот, кои стануваат штит на нашите интереси во Европа, ќе ја убедат јавноста и политичките партии и никој нема да се осмели да ја стави државата во изолација во наредните 10 години кога се јавува забрзана патека на регионот. Ќе биде многу тешко да се стисне црвеното копче, да се изолира државата за ова прашање да се решава некаде 2033 година во многу неповолни услови кога младите си заминале и ќе треба истото прашање да го решиме можеби и полошо, изјави денеска Османи одговарајќи на новинарски прашања.

Оцени дека поради партиски цели е создаден пропагандистички наратив за уставните измени.

-Партиите го злоупотребуваат стравот на граѓаните поради партиски цели, не поради интерес на државата. Немаат ниту еден аргумент зошто се против, затоа инсистирам довербата да почне што побрзо затоа што сакам да ги видам да дебатираат и да видам дали ќе дадат вистински аргументи, да одговорат зошто Македонците би биле загрозени ако во Уставот се спомнуваат, тие што веќе се спомнати, рече Османи, додавајќи дека и Бугарија не помогнала многу во создавање на атмосфера на доверба.

Верува дека полека ќе се разбира целата пропаганда околу уставните измени кога граѓаните сами ќе прочитаат и ќе се уверат дека нема простор за страв.

-Во категоријата други се сите заедници кои се спомнати што значи овие уставни измени подразбираат само потврдување на тоа што веќе стои имплицитно. Мислам дека полека ќе се разбие целата таа пропаганда околу уставните измени кога граѓаните ќе прочитаат сами и ќе увидат дека нема на ниту еден начин да бидат загрозени интересите на државата, рече Османи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Условна казна затвор за екс-претседателката на Антикорупциска, Татјана Димитровска

14/07/2026
Македонија

Денот Д за Изборниот законик?! Во игра се 4,2 милиони

14/07/2026
Македонија

ТРАГЕДИЈА ВО ДЕБАРСКО: Млад маж го загуби животот при сеча

14/07/2026
Македонија

Почина поранешниот пратеник и познат лекар д-р Васко Мицевски од

14/07/2026
Македонија

РАСВРЗКА ЗА „ТАЛИР 2“: Ослободителна пресуда за Никола Груевски, ВМРО-ДПМНЕ

14/07/2026
Македонија

„Ја знаеме тишината што останува по заминувањето на најмилите“ –

14/07/2026
Македонија

Ја навредувале, ја удирале по лицето и телото и ја

14/07/2026
Македонија

Сончево и жешко време во следните денови, температурите над 32

14/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44377
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Условна казна затвор за екс-претседателката на Антикорупциска, Татјана Димитровска

14/07/2026

Поранешната прва личност на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, денеска беше прогласена за виновна во Основниот

Денот Д за Изборниот законик?! Во игра се 4,2 милиони евра од ЕУ

14/07/2026

Евроамбасадорот во земјава, Михалис Рокас, упати јасен и директен апел до домашните политички субјекти под итно да најдат заеднички јазик

ТРАГЕДИЈА ВО ДЕБАРСКО: Млад маж го загуби животот при сеча на дрва

14/07/2026

Дваесет и осумгодишен жител на тетовското село Седларево почина вчера како последица на тешки повреди здобиени при несреќен случај при

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy