
Последни 24 часа: Кандидатот Томе Николовски сè уште единствен со нула потписи
Државната изботна комисија тукушто информираше за состојба на број на собрани потписи за кандидати за Претседател на државата, заклучно со 06 март 2024 година, 20 ч.
Во продолжение листата на кандидати и собрани потписи:
Државната изборна комисија ќе ја олесни постапката во формално-правниот дел за условите што треба да ги исполнуваат кандидатите кои ќе поднесат листи за избор на претседател на државата.
На денешната седница на Комисијата беше усвоена одлуката за дополнување на Упатството за поднесување, прием и потврдување на листите, со што по службена должност ќе се приберат податоци дали кандидатот го исполнува условот за жителство.
-Во условите предвидени во Уставот и Изборниот закон стои дека кандидатот за претседател треба да е државјанин и жител на Република Северна Македонија најмалку 10 години во последните 15 години.Досе га потврдите и документацијата за докажувањето на овие услови кандидатите сами ги обезбедуваа од надлежните институции.
Сега ние, по службена должност, земаме обврска доказите за исполнувањето на овие два услова, преку податоците во соодветните регистри на надлежните институции, да ги прибавиме во рок од 24 часа после поднесувањето на листите, во име на кандидатите кои ќе конкурираат.
За да им се олесни комуникацијата на кандидатите со изборните органи и нивното претставување пред другите надлежни институции, ќе додадеме дека ќе можат, со генерално полномошно, да овластат едно лице.
