
ПОСКАПУВААТ ГОРИВАТА – еве колку ќе се зголемат цените на бензините и дизелот
Цените на горивата во Македонија ќе се зголемат со најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика.
Како што објавија од РКЕ, малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, како и на Еуродизел (Д-Е V) се зголемуваат за 2 денари за литар. Од друга страна малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 1,50 денари за литар, а малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,375 денари за килограм.
По полноќ цените на горивата ќе бидат следниве:
– Еуросупер БС – 95 ќе се продава по 73,50 денари за литар
– Еуросупер БС – 98 ќе се продава по 75,50 денари за литар
– Еуродизел БС (Д-Е V) ќе се точи за 66,00 денари за литар
– Екстра лесно за домаќинство (ЕЛ-1) ќе чини 65,50 денари за литар.
– Мазутот ќе се продава по 37,155 денари за килограм.
Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати, а трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и гориваа за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.