Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Палевски: Мотивот за убиството е нелогичен и недокажан, Александар веќе го поседува најскапиот имот на семејството!
Македонија

Палевски: Мотивот за убиството е нелогичен и недокажан, Александар веќе го поседува најскапиот имот на семејството!

28/04/2025

AA

Денеска во Основниот Кривичен суд Скопје заврши сведочењето на обвинетиот Љупчо Палевски во случајот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Палевски ги негираше сите обвиненија, посочувајќи дека мотивот за убиството е нелогичен и недокажан.

Тој објасни дека не бил активен на телефонот до 13:14 часот на денот на настанот и дека користел интернет преку Телеграм за да избегне незаконско прислушување.

-Не одговарам на повици на обична линија затоа што не сакам да бидам незаконски прислушуван, користам исклучиво Телеграм, рече обвинетиот.

Според него, телефонската анализа не ги објаснува точно времињата на повиците и интернет комуникацијата, што ги прави обвинителските докази непотполни.

-Еве како беше на 22.11.2023. Телефонскиот повик кој го спомнавте е на обична линија, ГСН разговор. Тој разговор во извештајот е поделен на 7 разговори, сите по 60 секунди, и после тоа нема базни станици во извештајот до 16:30 часот, изјави Палевски.

Палевски исто така го објасни своето присуство во банка на 24 ноември, кога се тврди дека бил извршен обид за грабнување на Вања, негирајќи дека тоа го сметал за алиби.

-Токму кога вие тврдите дека има неуспешен обид за грабнување на Вања, 24.11.2023 година, јас бев во истата банка каде јас не знаев дека правам алиби, туку со мојот печат морав лично да отидам во Халк банка на 24 исто така, за да потпишам заклучно и удрам печат за продажба на девизен прилив од Гугл Јутуб, 1000 евра и така јас дента имам намера, сум си направил алиби за 24 иако времето кога бев да потпишам заклучница не е 7:20 како вие тврдите, туку е после 10 часот. Токму затоа што не сум правел алиби на начин каков сум можел да направам, покажува нешто друго, а не намера да грабнуваш и убиваш, образложи тој.

Тој додаде дека обвинението е нелогично, бидејќи нема докази кои ја поткрепуваат теоријата за користољубие.

Во однос на мотивот, Палевски посочи дека ако се работело за уцена, тоа ќе вклучувало контакт со семејството на Вања, што не се случило. Тој ги оспори обвиненијата и за контакт со семејството, напоменувајќи дека Александар, поранешниот партнер на мајката на Вања, веќе го поседувал најскапиот имот.

-Вашиот мотив во обвинението со кое ме обвинувате е нелогичен и недокажан затоа што не сте приближиле ниту еден доказ. Моето компарирање на логики и кажување дека доколку е користољубие ќе имаше за детето засолниште прво, а не класично убиство, ќе имаше контакт со мајката или таткото за да се направи таа уцена, за да се принуди некој да даде пари, но не само што не се случило, туку вие не понудивте ниту еден доказ на таа многу важна околност, мотив зошто е сторено делото. Затоа и дадов пример со просечен криминален ум не разводи, не ме интересира тоа, јас во списите прочитав дека Александар веќе го поседува најскапиот имот на семејството станот во зградата Фонтана каде е грабнато детето кој има вредност преку 250000 евра и дека остатокот од имотот доколку биде убиена мајката на детето, а не детето, затоа што се малолетни, законски старател е токму Александар, во тој контекст беше кажано дека мотивот не само што не е докажан, туку тотално нелогичен за да биде користољубие и уцена, одговори тој.

Судскиот процес продолжува со процесни решенија и ќе се утврдат термини за наредни рочишта, на кои се очекува да се дополнуваат доказите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕ БАРАМЕ ИЗГОВОРИ И ОДЛОЖУВАЊА, ТУКУ ПРАВДА ЗА НАШИТЕ ДЕЦА

18/04/2026
Македонија

ТОПЛО И СОНЧЕВО, СО СЕВЕРЕН ВЕТЕР Доаѓа заладување, со обилен

18/04/2026
Македонија

„Марш на ангелите“ во Штип: Семејствата на настраданите во „Пулс“

18/04/2026
Македонија

ЈАСНИ ПРАВИЛА ЗА ПРОИЗВОДСТВОТО, УВОЗОТ, КОНТРОЛАТА И УПОТРЕБАТА НА МЕДИЦИНСКИТЕ

18/04/2026
Македонија

Трипуновски: Интерпелацијата е неиздржана

18/04/2026
Македонија

ЏАБЕ СЕ „КРОКОДИЛСКИТЕ СОЛЗИ“, ЏАФЕРИ ГО ЗАПЕЧАТИ ИСКЛУЧУВАЊЕТО НА АЛБАНСКИОТ

18/04/2026
Македонија

РАЗУМНО Е ДА СЕ ОЧЕКУВА ЈАСНОСТ И КОНЗИСТЕНТНОСТ ОД СОЈУЗНИЦИТЕ

18/04/2026
Македонија

Од поројни дождови до нула степени – временски пресврт до

18/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42628
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕ БАРАМЕ ИЗГОВОРИ И ОДЛОЖУВАЊА, ТУКУ ПРАВДА ЗА НАШИТЕ ДЕЦА „Маршот на ангелите“ за прв

18/04/2026

Родителите на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска го одржаа 41-от „Марш на ангелите“, за прв пат

ТОПЛО И СОНЧЕВО, СО СЕВЕРЕН ВЕТЕР Доаѓа заладување, со обилен дожд и грмежи

18/04/2026

Времето утре ќе биде сончево и релативно топло, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Се очекува мала до умерена локална облачност.

„Марш на ангелите“ во Штип: Семејствата на настраданите во „Пулс“ бараат правда наместо изговори

18/04/2026

Под мотото „Не бараме изговори, туку правда“, во Штип се одржа 41-виот по ред „Марш на ангелите“. Родителите и блиските

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy