
ПОСКАПУВАЊЕ: Колку чини минималната кошничка за јануари?
Скоро 1.000 евра му се потребни на едно четиричлено семејство за да преживее.
Вредноста на синдикалната минимална кошница за јануари изнесува 57.163 денари, објави Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Во однос на онаа од претходниот месец која изнесуваше 56 522 денари, јануарската кошница е зголемена за 641 денар.
Со изнајмен стан од 60 квадрати, минимална кошница за јануари изнесува 72.538 денари што е 566 денари повеќе споредено со декември 2023 година кога изнесуваше 71.972 денара.
На храна и пијалаци отпаѓаат 21.007 денари или 36,7 отсто, на облека и обувки 4.803 денари или 8,4 проценти, на станарина, вода, електрична енергија и греење 6.014 денари или 10,5 отсто, на лична хигиена и оддржување хигиена во домот 1.797 денари или 3,1 отсто, на здравје 1.115 денари или 2 отсто. Понатаму, на транспорт отпаѓаат 4.759 денари или 8,3 проценти, на комуникации 2.709 денари или 4,7 отсто, на рекреација и култура 4.205 денари или 7,4 проценти, на образование 7.022 денари или 12,3 отсто, на ресторани и хотели 3.733 денари или 6,5 отсто и на останати стоки и услуги 950 денари или 1,7 проценти. Со две минимални плати граѓаните немаат шанси да ги покријат трошоците за четиричлено семејство.
foto freepik.com/itchaznong
