
ПОРАСНАЛ БРОЈОТ НА НЕВРАБОТЕНИ ВО ГЕРМАНИЈА: Две покраини се издвојуваат
Има минимално зголемување на невработеноста во Германија. Таа во декември скокна на 5,9 отсто. Највисока невработеност традиционално има во германските сојузни покраини Бремен и Берлин, а најниска во Баварија и Баден-Виртемберг.
Германската Федерална канцеларија за труд со седиште во Нирнберг денеска објави дека невработеноста се зголеми на 5,9 отсто во декември од 5,8 отсто во ноември и сега е највисока од мај 2021 година.
Бројот на невработени се зголеми 11-ти месец по ред, овојпат за 5.000, на вкупно 2,706 милиони. На годишно ниво, бројот на невработени се зголемил за вкупно 186.000. Во време на пандемијата на коронавирусот, германската економија влезе во рецесија.
foto freepik.com/claudiodiv
