Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тренерот кој прави чуда во Шпанија седнува на клупата на Њукасл!?
Спорт

Тренерот кој прави чуда во Шпанија седнува на клупата на Њукасл!?

03/01/2024

AA

Тренерот на Жирона, Мигел Анхел Муњоз попознат како Мичел, е најголемата желба на премиерлигашот Њукасл во случај на прекин на соработката со актуелниот менаџер, Еди Хау.

„Марка“ открива дека чудотворецот шпанската Ла Лига е примарна цел на управата на Њукасл, која ќе мора да ја анализира далеку полошата ситуација на тимот во однос на минатата сезона. Црно-белите испаднаа од Лигата на шампионите, каде што во последното коло лесно можеа да останат барем во Лига Европа, додека во Премиер лигата се само деветти со дури девет порази од почетокот на сезоната и се доста далеку од нов пласман во елитното натпреварување.

Мичел, пак, прави импресивна работа во Жирона за која на големо се говори во Шпанија и Европа. Овој тим и натаму е на врвот на табелата со 45 бодови, исто колку и Реал Мадрид, па сонот за титулата се уште е жив. Мичел во неколку наврати повтори дека нема шанси да ја напушти Жирона до крајот на сезоната и дека фантазира за историски пласман во ЛШ, што е единствената цел на овој клуб

„Титулата? Нема да се залажуваме, бидејќи за тоа ни требаат 90 бода, па се уште веруваме дека Барселона, Реал Мадрид и Атлетико се главни кандидати. Нашиот сон е реален и се вика – Лигата на шампионите“, изјави неодамна Мичел.

Челниците на Њукасл ќе ги следат неговите резултати до крајот на сезоната, но истовремено ќе видат и дали Еди Хау ќе може да ја извлече оваа сезона и да го врати тимот на ланското ниво.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Рударите заработуваат над 1.000 евра, но Македонија има сè помалку

12/08/2026
Македонија

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
Македонија

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44972
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Рударите заработуваат над 1.000 евра, но Македонија има сè помалку рудари

12/08/2026

Македонското рударство се соочува со парадокс: професијата станува сè подобро платена, но бројот на луѓето што работат во секторот значително

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026

Во големата судница во „Идризово“ закажано рочиште за кочанската трагедија, во која загинаа 63 луѓе, а над 200 беа повредени.

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026

Семејството упати итен апел до сите граѓани за помош во пронаоѓањето на нивен роднина по име Љупчо Стојановски, кој е

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy