Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Поранешниот судија Панчевски се пријави на јавниот оглас за државен јавен обвинител
Македонија

Поранешниот судија Панчевски се пријави на јавниот оглас за државен јавен обвинител

21/01/2026

AA

Процесот за избор на нов државен јавен обвинител влезе во поактивна фаза, откако уште еден кандидат официјално се пријави на јавниот оглас што го распиша Собранието. На огласот се пријави поранешниот претседател на Основниот суд Скопје, Владимир Панчевски.

Во пријавата поднесена денеска до Собранието, Панчевски наведува дека ги исполнува сите законски критериуми за функцијата државен јавен обвинител. Тој до надлежните органи доставил целосна документација и докази за исполнување на условите пропишани во член 61 од Законот за Јавното обвинителство, како и посебните услови од член 62 став 1 алинеја 1 од истиот закон.

Постапката за избор се отвори по оставката на Љупчо Коцевски, кој во декември минатата година поднесе неотповиклива оставка од функцијата државен јавен обвинител. До изборот на нов носител на функцијата, вршител на должност е Анита Тополова-Исајловска, дотогашен заменик-републички јавен обвинител.

Претходно, интерес за пријавување најави и поранешниот виш јавен обвинител на скопското Вишо јавно обвинителство, Мустафа Хајрулахи.

Огласот за избор на нов државен јавен обвинител беше објавен на 12 јануари годинава, со рок за пријавување од 15 дена од денот на објавувањето во „Службен весник“. Кандидатите треба да имаат најмалку 10 години непрекинат работен стаж како јавни обвинители или судии во областа на кривичното право.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОНАЈДЕНА МРТВА ПО ГАСЕЊЕ НА ПОЖАРОТ Женско тело најдено во

22/09/2026
Македонија

МИСТЕРИЈА СО ТЕШКО ПОВРЕДЕН ПАЦИЕНТ Болницата пријавила пад од кревет,

22/09/2026
Македонија

ДОБРЕ ДОЈДЕ ЕСЕН Златната сезона почнува ноќеска во 2:05 часот

22/09/2026
Македонија

🎥📷 МИЦКОСКИ ОБЈАВИ ВИДЕО ОД СРЕДБИТЕ ВО ЊУЈОРК Нови можности

22/09/2026
Македонија

29-ГОДИШНИК ПРИВЕДЕН ВЕДНАШ ПО СЛЕТУВАЊЕТО Гостиварец треба да одлежи две

22/09/2026
Македонија

ЗАМИНАЛ НА РАБОТА, НЕ СЕ ВРАТИЛ ДОМА Mаж пронајден мртов

22/09/2026
Македонија

ЗАМИНАЛ НА РАБОТА, НЕ СЕ ВРАТИЛ ДОМА Mаж пронајден мртов

22/09/2026
Македонија

НЕ НОСАТ ШЛЕМОВИ АМА ШИБААТ НА СИТЕ СТРАНИ Казнети 10.411

22/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45726
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОНАЈДЕНА МРТВА ПО ГАСЕЊЕ НА ПОЖАРОТ Женско тело најдено во една од собите на запалената

22/09/2026

69-годишна жена загина во пожар што избувнал во куќа во валандовското село Пирава. Пожарот бил пријавен вчера околу 17:55 часот,

МИСТЕРИЈА СО ТЕШКО ПОВРЕДЕН ПАЦИЕНТ Болницата пријавила пад од кревет, тој тврди дека го нападнал

22/09/2026

35-годишен штипјанец со тешки телесни повреди бил пренесен на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а околностите под кои се

ДОБРЕ ДОЈДЕ ЕСЕН Златната сезона почнува ноќеска во 2:05 часот

22/09/2026

Есента во Македонија и на северната хемисфера на Земјата ќе почне ноќеска во 2:05 часот по полноќ. Во исто време

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy