Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Поранешниот гувернер на Арканзас, републиканецот Аса Хачисон, најави кандидатура за американски претседател во 2024.
Македонија

Поранешниот гувернер на Арканзас, републиканецот Аса Хачисон, најави кандидатура за американски претседател во 2024.

02/04/2023

AA

Поранешниот гувернер на американската сојузна држава Арканзас, републиканецот Аса Хачинсон (72), во интервју за Еј-би-си (ABC) денеска соопшти дека ќе се кандидира за претседател на САД на изборите во 2024 година.

-Кандидатурата официјално ќе биде објавена во април, рече тој.

Хачинсон во интервјуто кажа дека верува оти Американците сакаат лидери кои се повикуваат на тоа што е најдоброто во САД, а „не само на нашите најлоши инстинкти“, пренесуваат американските медиуми.

-Не верувам дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп треба да биде следниот лидер на нашата земја, дециден беше Хачинсон.

Поранешниот гувернер на Арканзас, кој оваа функција ја извршуваше осум години, во последните месеци постојано го критикуваше Доналд Трамп.

Според неговото мислење, Трамп како претседателски кандидат би бил „најлошото можно сценарио“ што веројатно би ги зголемило шансите актуелниот американски претседател Џо Бајден да добие нов мандат од четири години .

Американските медиуми наведуваат дека Хачинсон не е познат по огнени говори, туку по мирната реторика, а секоја недела наутро тој на Твитер објавува цитати од Библијата.

Со оваа своја најава Хачисон стана четвртиот републикански кандидат за претседателска номинација, бидејќи освен Трамп, своја кандидатура најавија и поранешната амбасадорка на САД во ОН, Ники Хејли и забавувачот Вивек Рамасвами. Се очекува до лето и гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис, да и се придружи на оваа група републикански претседателски кандидати, додававаат американските медиуми

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВИДЕО Пожарот кај Шуто Оризари сè уште не е изгаснат,

29/06/2026
Македонија

Сарамандова останува во обвинителскиот тим за случајот „Пулс“, Савески го

29/06/2026
Македонија

Регионот се прости од Владо Јаневски: „Нашите заеднички концерти засекогаш

29/06/2026
Македонија

Мицкоски: Опозицијата го блокира Изборниот законик, Македонија ќе ги победи

29/06/2026
Македонија

Филипче објави фотографија вечерва од Собрание, 14 пратеници напишале 10

29/06/2026
Македонија

Од 1 јули пониски царини за 70 суровини – Собранието

29/06/2026
Македонија

Собранието ги усвои измените на Законот за трансплантација – се

29/06/2026
Македонија

ВИДЕО Голем пожар кај Визбегово, густ црн чад се издига

29/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44041
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy