Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Поранешниот директор на АНБ, Виктор Димовски, ги отфрла обвинувањата за прислушување и бара декласификација на документите
Македонија

Поранешниот директор на АНБ, Виктор Димовски, ги отфрла обвинувањата за прислушување и бара декласификација на документите

02/09/2025

AA

Поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Виктор Димовски, денеска преку статус на социјалната мрежа Фејсбук остро ги отфрли обвинувањата изнесени од страна на премиерот и актуелниот директор на Агенцијата за наводна злоупотреба на државни ресурси за прислушкување на опозицискиот лидер, бизнисмени и новинари во периодот додека тој раководел со институцијата.

Димовски, кој беше на чело на АНБ од 2019 до 2022 година, децидно тврди дека тогашниот лидер на опозицијата, а сегашен премиер, никогаш не бил предмет на посебен оперативен интерес, ниту пак цел на оперативно-технички мерки.

„Одговорно тврдам дека тој како лидер на тогашна опозициона партија во периодот од 2019 -2022 година не бил предмет на посебен оперативен интерес на Агенцијата, не бил предмет на организирана оперативна работа, а со тоа ниту таргет кон кого биле применувани било какви оперативно-технички мерки“, пишува Димовски.

Реакцијата на Димовски следува откако актуелното раководство на АНБ и претседателот на Владата излегоа со сериозни обвинувања дека во периодот од 2019 до 2024 година, Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање биле злоупотребени за следење на политички противници и други јавни личности.

Во својот статус, Димовски потврдува дека во наведениот период постоела постапка за преиспитување на безбеносни сертификати, вклучително и за еден пратеник, поради сомневања за оддавање на класифицирана информација. За овој случај, како што наведува, била поднесена и соодветна кривична пријава, а на негово барање била отворена и точка за информирање пред надлежната собраниска Комисија за надзор.

Со оглед на сериозноста на изнесените обвинувања, поранешниот директор го повика својот наследник веднаш да ги декласифицира сите документи поврзани со наводните злоупотреби.

„Го повикувам директорот на Агенцијата веднаш и неодложно да ги декласифицира документите за наводни злоупотреби, а особено тие кои се однесуваат на прислушкување на тогашниот лидер на опозицијата. Македонската јавност има право да знае кој тоа предлагал, барал, одобрувал и кој ги извршувал наводните прислушкувања!“, категоричен е Димовски.

Тој изразува очекување дека овојпат нема да има изговори за криење зад класифицирани информации, особено по, како што вели, неодамнешните објави во одредени медиуми кои „лиферуваат конкретни имиња на лица кои наводно биле таргет на Агенцијата, вклучително и податоци за идентитетот на вработени и тајни соработници“.

Овие обвинувања отвораат сериозна дебата во јавноста за работата на безбедносните служби и потенцијалната злоупотреба на моќ, враќајќи ги сеќавањата за минати скандали со прислушување. Се очекува реакција од надлежните институции, пред сè од Јавното обвинителство, кое според првичните информации, веќе добило известувања од АНБ за овој случај.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy