Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Поранешен раководител на државната лотарија стана сопственик на автомат клубови
Економија

Поранешен раководител на државната лотарија стана сопственик на автомат клубови

22/02/2024

AA

Ѓорѓи Дамјановски, еден од поранешните раководители на Државна лотарија на РСМ, стана сопственик и управител на друштвото за автомат клубови „Сити Клуб“ Скопје.

Дамјановски во 2017 со доаѓањето на новата власт беше назначен како еден од членовите на Управниот одбор на Државна лотарија се до 2021, кога беше отповикан. Претходно, според она што го пишува во неговата биографија, осум години бил во раководството во Македонија на австрискиот гигант од дејноста на игрите на среќа „Новоматик“,

Дамјановски ќе управува со две подружници во Кочани, Битола и Струмица и со по една во Тетово, Охрид, Прилеп, Бразда и Турново.

„Сити Клуб“ Скопје поседува лиценца за организирање игри на среќа од Министерството за финансии издадена од 2017 година и има основна главнина од 2,5 милиони евра.

Дамјановски во 2017 беше изгласан за нов челн на УО на државната лотарија истовремено кога беше формиран и целосно нов Надзорен одбор. Дамјановски беше избран за член на УО заедно со Христо Најденов и со Катица Николовска – Прнаркова, како претседателка, односно генерален директор.

Инаку и Сашо Поцков, кој до 2021 беше градоначалник на Гевгелија, во меѓувреме стана директор на друштвото за приредување игри на среќа Монополи Консалтинг, кое  поседува неколку подружници за обложување и коцкање.

И ова друштво, на крајот од 2022, според законските прописи, имало основна главнина од над 2.5 милиони евра.  Поцков од 2014 до 2017 во два мандати беше пратеник во Собранието.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Гаши по денешните пратенички прашања: Злоупотребата на процедуралните забелешки мора

30/07/2026
Македонија

Г.Г. Стефан со Илинденско послание

30/07/2026
Македонија

Потврден новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на жени

30/07/2026
Македонија

МЗ наложи дополнителна терестичка дезинсекција против комарци во населба Драчево

30/07/2026
Македонија

Вечерва прскање против комарци во Кисела Вода

30/07/2026
Македонија

Локализиран пожарот кај Лешница, интервенираа два ер трактори

30/07/2026
Македонија

ФОТО Граѓаните веќе тргнаа на продолжен викенд за Илинден

30/07/2026
Македонија

Домаќинствата можат да добијат до 30.000 денари субвенции за приклучок

30/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44768
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Гаши по денешните пратенички прашања: Злоупотребата на процедуралните забелешки мора да сопре!

30/07/2026

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во своето гостување на МРТ се осврна на динамиката и процедуралните опструкции за време на

Г.Г. Стефан со Илинденско послание

30/07/2026

По повод претстојните илинденски празнувања, поглаварот на Македонската православна црква, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, заедно со Светиот архиерејски

Потврден новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

30/07/2026

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ го потврди новиот состав на својот Извршен комитет, соопшти претседателката на Унијата, Марија Митева, оценувајќи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy