
Поранешен предводник на Шкендија ќе биде четвртиот тренер на Жељо оваа сезона!
Станува збор за искусен стратег роден во Зеница, кој во својата играчка кариера меѓу другите настапуваше за Челик, Волфсбург, Мајнц. Богатата тренерска кариера ја почна во Германија, а потоа самостојно раководеше со Вал, Солин, Неретванац, Европа, Шкендија, Сплит, Локомотив Пловдив, ЦСКА Софија, Ал-Вехда и Акритас.
Акраповиќ е сопственик на УЕФА Про лиценца, а официјално ќе биде претставен во наредните денови, кога ќе започнат подготовките со тимот за следниот дел од сезоната, изјави Жељезничар. Тој на клупата на сините ќе го наследи Абдулхаким Ал-Тувајри, кој имаше крајно неуспешна епизода во Европа, а воедно ќе биде и четврти тренер на Жељезничар оваа сезона.

