Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ќе се справиме ли со вирусите за празниците?!
Македонија

Ќе се справиме ли со вирусите за празниците?!

08/01/2024

AA

Ќе се спречи ли ширењето на вирусот за време на празниците и зачестените контакти. Ординациите и дневните амбуланти се полни со заболени од респираторен вирус. Лекарите со совети лицата кои имаат инфекции да останат во своите домови и да ги намалат контактите.

Да се намалат контактите, а лицата коишто чувствуваат одредени симптоми да останат во своите домови, е апелот на здравствените работници за време на празниците, откако е регистрирано зголемување на бројот на заболени од респираторен вирус. Особено да се внимава на малите дечиња и на повозрасните, кои се најризична категорија. Раздвиженоста и собирите овој период од годината вообичаено ги полнат ординациите и дневните амбуланти. Од Итната помош потврдуваат дека на дневно ниво се зголемени повиците за помош. Најчесто се јавуваат родители со дечиња со респираторен вирус, но и хронично болни, повозрасни лица.

„Овие празници си го носат своето, тие контакти секако се зголемени, доколку се со инфекција да седат дома не мора да одат, затоа што овие вируси бргу се шират, најзастапено е кај малите дечиња, новороденчиња и кај постарите лица кај нив може да биде и фатален и тие да си останат дома“, вели д-р Валентина Тодоровска Трајковска, Итна помош Куманово.

Лекарите апелираат граѓаните да консумираат повеќе течности, храна богата со витамини. Да се избегнува мрсна храна, и алкохолот да биде во умерени количини. Ширењето на вирусот може да се спречи и со спроведување на заштитните мерки за хигиена, проветрување на простории, но и носење заштитни маски.

И сообраќајниот метеж кој е вообичаен за време на празничните денови бидејќи се враќаат нашите иселеници, предизвика дополнителни проблем во работата на итната медицинска помош. Оттаму апелираат и до возачите и до пешаците, да бидат совесни, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не возат и консумираат алкохол.

Елена Георгиевска | МРТ

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
Македонија

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија

11/08/2026
Македонија

Тетовчанец лажно си ги пријавил бабата и дедото, наводно му

11/08/2026
Македонија

30-годишна жена со дрвен предмет го истепала сопствениот татко во

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44970
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026

Семејството упати итен апел до сите граѓани за помош во пронаоѓањето на нивен роднина по име Љупчо Стојановски, кој е

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата недела на македонското Радио 2

11/08/2026

Една необична музичка нумера предизвика вистинска еуфорија во радиоетерот и ги преплави социјалните мрежи со прашања. По минатонеделниот избор за

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026

По повод националниот празник 2 Август – Илинден, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова донесе одлука за помилување на вкупно 25 осудени лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy