
Поради невремето во Њујорк беа одложени повеќе од 1.600 летови
Повеќе од 1.600 летови беа откажани на три главни аеродроми – во Њу Џерси и на аеродромите Џон Ф. Кенеди и Ла Гвардија поради силните дождови и поплавите што ја погодија државата Њујорк.
Најмногу летови се откажани во Њу Џерси, каде околу 30 отсто од сите планирани летови доцнеле, а патниците кои успеале да слетаат го чекале багажот повеќе од два часа, додека многу патници го загубиле багажот, пишува Њујорк пост.
На аеродромот ЖФК откажани се 331 лет, а на Ла Гвардија 281.
Невреме со грмотевици, обилни врнежи и поплави погодија голем дел од поширокото подрачје на Њујорк во неделата, а Националната метеоролошка служба издаде предупредување за поројни поплави во делови од Квинс и Бронкс во попладневните часови.
Дождот и последователните поплави убиле еден њујорчанец и предизвикале штета од околу 50 милиони долари.