Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Попов: Нови партиски вработувања ги претрупуваат јавните претпријатија во Градот, Арсовска за да ги задоволи апетитите на коалицијата ДУИ-СДС-Левица објавува незаконски огласи
Македонија

Попов: Нови партиски вработувања ги претрупуваат јавните претпријатија во Градот, Арсовска за да ги задоволи апетитите на коалицијата ДУИ-СДС-Левица објавува незаконски огласи

16/01/2024

AA

Сергеј Попов, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Совет на Град Скопје вели дека има уште еден скандал на Данела Арсовска и јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ на чело со Сефи Шабани.

„Нови партиски вработувања ги претрупуваат јавните претпријатија во Градот. Арсовска за да ги задоволи апетитите на коалицијата ДУИ-СДС-Левица објавува незаконски огласи.

Додека јавните претпријатија во Град Скопје тонат во хаос и долгови, Арсовска и нејзините директори тераат самоволие кршејќи одлуки и закони.

Станува збор за два огласи за вработување во јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ кои се објавени денес во два печатени дневни весника.

Без одобрување од страна на Советот на Град Скопје, ова јавно градско претпријатие денес објавува огласи за вработување на над 90 лица.

Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ на кое основач е Советот на Град Скопје, и за истиот конкурс основачот нема дадено одобрување за нови огласи и вработувања, сепак кршејќи го законот ЈП „Паркови и зеленило“ објавува јавни огласи за вработување.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Планот за нови вработувања во ова јавно претпријатие не го гласаше поради тоа што во истото има превработеност и поради полнење на претпријатието пред избори со партиски активисти на ДУИ-СДС-Левица.

Исто така со овие 2 нови огласи кои „Паркови и зеленило“ ги има објавено, се со одобрување на министерството за администрација, кое исто така го крши законот, бидејќи законска обврска за објавување на огласи за вработување на ЈП „Паркови и зеленило“ е да бидат изгласани од Советот на Градот Скопје.

Ги повикуваме надлежните институции да го истражат овој криминал и веднаш да преземат соодветни мерки“, вели Попов.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРА Живата во термометрите до

30/09/2026
Македонија

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРИНА Живата во термометрите до

30/09/2026
Македонија

150 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦАТА КОН БУГАРИЈА Николоски

30/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ПРЕДНИЧИ ВО ЕВРОПСКИТЕ РЕФОРМИ Левков вели дека актуелниот парламентарен

30/09/2026
Македонија

ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО БИТОЛА ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА Се реконструира

30/09/2026
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ ДРЖАВАТА Се сузбива трговија со дрога,

30/09/2026
Македонија

СУДИИТЕ ЗИМБОВСКА И ГЕРАСИМОВСКИ ВО ТРКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АПЕЛАЦИЈА

30/09/2026
Македонија

СДСМ ГИ САБОТИРА ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНОТО ЗАКОНОДАВСТВО Милошоски ја повикува

30/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45903
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРА Живата во термометрите до 26 степени во Гевгелија

30/09/2026

Утринските часови ќе бидат ведри и постудени, а во текот на денот времето ќе биде сончево. Ќе дува слаб до

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРИНА Живата во термометрите до 26 степени во Гевгелија

30/09/2026

Утринските часови ќе бидат ведри и постудени, а во текот на денот времето ќе биде сончево. Ќе дува слаб до

150 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦАТА КОН БУГАРИЈА Николоски во Брисел за големите инфраструктурни

30/09/2026

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, е во дводневна работна посета на Брисел, каде што учествува на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy