Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Помошта од Македонија на пат кон Турција
Македонија

Помошта од Македонија на пат кон Турција

08/02/2023

AA

Македонски спасувачи тимови од Армијата и Дирекцијата за заштита и спасување, како и пожарникари и рудари веќе се на пат кон Турција и ќе помогнат во потрагата под урнатините од земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што ги погоди регионот на Турција и Сирија.

Хуманитарна помош веќе најавија Владата, повеќе општини и институциите, а граѓаните собираат донации на пункт на плоштадот во Скопје.


Армијата на Република Северна Македонија упати тим за претрага и спасување составен од 24 армиски припадници и две кучиња, коишто веќе заминаа за Турција.

Од Дирекцијата за заштита и спасување се испраќаат 40 лица – припадници на републичките сили за заштита и спасување, со комплетна специјализирана опрема и материјално – технички средства за пребарување и спасување од урнатини, шест возила за транспорт на опремата и луѓето и две противпожарни возила.


Екипи за помош во Газиантеп, Турција веќе се испратени и од Град Скопје, како и од повеќе локалните самоуправи, меѓу кои пожарникари од Битола, Тетово, Гостивар и Штип и рудари од Пробиштип.

Од Град Скопје информираат дека е испратена екипа на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје во Газиантеп, Турција, а денеска на вонредна седница на градскиот Совет е предложено да се одобрат шест милиони денари првична хуманитарна помош за Турција и за Сирија кои беа погодени од разорен земјотрес.


Општина Битола, исто така, денеска на седница ќе одлучуваат за помош за погодените од земјотресот во Турција и Сирија, а вакви седници најавија и други општини, меѓу кои и Центар и Ѓорче Петров.

Одлуки за финансиска помош за подрачјата кои беа погодени од земјотрес во Турција и Сирија, веќе донесоа општините Тетово, Куманово, Кавадарци и Гази Баба.

Министерството за финансии, пак, е задолжено до Владата да достави одлука за одобрување средства од резервите на Буџетот за 2023 година, во износ од 6 милиони денари за помош на настраданите во катастрофалниот земјотрес. Задолженија има и до други институции меѓу кои и до Министерството за здравство, во рамките на своите надлежности, итно да подготви и до Владата да достави одлука за обезбедување помош во вид на медицински персонал, медицинска опрема и лекови.

Од Владата најавија дека земјава ќе испрати помош и за Сирија.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Тринаесетгодишно дете се уште се бори за живот по крвавата

04/09/2026
Македонија

Осум активни пожари во Македонија

04/09/2026
Македонија

Муцунски во Украина: Силна поддршка за суверенитетот и најава за

04/09/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова додели „Инженерски прстен“ на најуспешните 14 млади инженери

04/09/2026
Македонија

Мостот на Маркова Река повторно целосно отворен за сообраќај од

04/09/2026
Македонија

Марта Кос ја откажа посетата на Србија поради величењето на

04/09/2026
Македонија

Кривична пријава за даночно затајување, лихварство и перење пари во

04/09/2026
Македонија

Брзата интервенција спречи пожарот кај Националниот парк Маврово да се

04/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45465
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Тринаесетгодишно дете се уште се бори за живот по крвавата пресметка: Институциите најавуваат нови мерки

04/09/2026

Тринаесетгодишно момче избодено со нож во пределот на срцето се наоѓа во стабилна, но и понатаму животнозагрозувачка состојба. Лекарите будно

Осум активни пожари во Македонија

04/09/2026

На ден 04.09.2026 година, до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои 8 се активни,

Муцунски во Украина: Силна поддршка за суверенитетот и најава за учество во нејзината обнова

04/09/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, за време на официјалната посета на Украина оствари средба со својот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy