Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Помошник-министер за внатрешни заработи кривична оти не ги сервисирал навреме полициските возила
Магазин

Помошник-министер за внатрешни заработи кривична оти не ги сервисирал навреме полициските возила

29/01/2025

AA

 Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднела кривична пријава против Ж.Т. во својство на помошник-министер во Министерството за внатрешни работи и против А.С. во својство на раководител на Сектор за набавки, менаџмент и логистика во Министерството за внатрешни работи поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 ст.4 вв ст.1, од Кривичниот законик на Република Северна Македонија.

Како што соопштија денеска од Финансика полиција, првопријавениот Ж. Т. во својство на одговорно лице, помошник-министер во Министерството за внатрешни работи на РСМ, неизвршувајќи ги своите службени овластувања свесно и со однапред утврдена намера, не донел одлука за јавна набавка од отворена постапка за набавка на Услуги за сервисирање на возилата во сопственост на МВР во 2018 година иако бил донесен План за дополнување на Годишен план за да се спроведе истата во декември 2018 година. Тој, стои во соопштението, не презел дејствија за навремено отпочнување и објавување на редовна постапка и ја загрозил безбедноста на вработените во Министерството за внатрешни работи со што ги довел возилата во состојба на дефектажа и неможност истите да се сервисираат на начин што не донел одлука во најбрз можен рок по носење на новиот Годишен план за јавни набавки за 2019 година и со тоа свесно ги довел сите во состојба на итност за со намера да се спроведе итна постапка донесувајќи Одлука за спроведување на итна постапка со преговарање без објавување на оглас за поправка и сервисирање на ПМВ и ТМВ во која постапка биле испратени покани само на одредени економски оператори.

– Второпријавената А. С. во својство на началник на Секторот за набавки, менаџмент и логистика при Министерството за внатрешни работи на РСМ чија должност била да ги спроведува одлуките донесени од помошник министерот, истата иако била должна да задолжи лице кое ќе објави оглас за јавна набавка од отворена постапка, не го сторила тоа и на тој начин не овозможила на други заинтересирани економски оператори да учествуваат во истата постапка, врз основа на што првопријавениот Ж. Т. склучил рамковна спогодба по итна постапка со преговарање без објавување на оглас на кој начин првопријавениот заедно со второпријавената овозможиле противправна имотна корист за носителите на набавката Коп Компани ДООЕЛ Скопје, Пржо Автокомплекс ДООЕЛ Битола, Аутомакедонија АД Скопје, ДТУ Авто сервис Раде ДООЕЛ увоз-извоз с. Теарце Тетово и МИ – ДА Гранд Моторс ДОО Скопје, по 9.440.000,00 денари поединечно за секој правен субјект односно вкупен износ од 47.200.000,00 денари со ДДВ, се наведува во соопштението од Управата за финансиска полиција.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ГОДИНАВА ИЗВРШЕНИ 15 ТРАНСПЛАНТАЦИИ НА БУБРЕГ Клековски потсети дека многу

22/10/2026
Македонија

МИСАЈЛОВСКИ ПОРАЧА КАДЕ ЛЕЖИ ВИСТИНСКАТА СИЛА НА АРМИЈАТА На питомците

22/10/2026
Македонија

РАКОПИСОТ НА ЛИВЧИЊАТА КАЈ СОЅИДАНИТЕ 350.000 ЕВРА Е НА МАЈКАТА

22/10/2026
Македонија

САЈБЕР-ЗАКАНАТА ПОВРЗАНА СО PHP НЕ ГИ ДОПРЕ ВЛАДИНИТЕ САЈТОВИ Навреме

22/10/2026
Македонија

ПРИМИЛЕ ПОВИК ЗА ПОВРЕДЕН ЧОВЕК, НО НЕ ИСПРАТИЛЕ ЕКИПА Кривична

22/10/2026
Македонија

СВЕДОЦИТЕ НА ОДБРАНАТА РЕКОА ДЕКА ПОЛИЦАЈЦИТЕ ПОМАГАЛЕ ПО ПОЖАРОТ ВО

22/10/2026
Македонија

ЗЕЛЕНО СВЕТЛО ЗА ДВАТА ИЗВЕШТАИ ЗА СУДСТВОТО Судскиот совет предупреди

22/10/2026
Македонија

МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА СИЛНИ ПОРАКИ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ НА САМИТОТ

22/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46316
  • Регион 3997
  • Свет 16
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ГОДИНАВА ИЗВРШЕНИ 15 ТРАНСПЛАНТАЦИИ НА БУБРЕГ Клековски потсети дека многу пациенти чекаат шанса

22/10/2026

Вкупно 15 трансплантации на бубрег се извршени годинава на Универзитетската клиника за урологија, наспроти 11 во текот на цела 2025

МИСАЈЛОВСКИ ПОРАЧА КАДЕ ЛЕЖИ ВИСТИНСКАТА СИЛА НА АРМИЈАТА На питомците им порача дека довербата е

22/10/2026

Единството и меѓусебната доверба се темелот на силна Армија, порача министерот за одбрана Владо Мисајловски на свечената заклетва на питомците

РАКОПИСОТ НА ЛИВЧИЊАТА КАЈ СОЅИДАНИТЕ 350.000 ЕВРА Е НА МАЈКАТА НА РИСТОВ, РЕЧЕ ВЕШТАК Според

22/10/2026

Таткото на сопругата на обвинетиот Ѓоко Ристов, Ивица Зориќ и вештото лице Емилио Фришќиќ сведочеа денеска во Кривичниот суд како

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy