Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 М6 Едукативен центар стартува со сопствен поткаст – во првата епизода инспиративна дискусија со Светозар Јаневски за „Културата на лидерите – Клучот во управувањето со луѓето“
Македонија

М6 Едукативен центар стартува со сопствен поткаст – во првата епизода инспиративна дискусија со Светозар Јаневски за „Културата на лидерите – Клучот во управувањето со луѓето“

29/01/2025

AA

М6 Едукативен центар го стартува сопствениот поткаст „Чекор напред со
М6“, каде преку разговори со врвни експерти и докажани професионалци ќе понуди уникатен увид и професионални искуства за различни аспекти на бизнисот и личниот развој. Овој проект има за цел да ги поттикне професионалците од различни области и компаниите да развиваат стратешки пристап, знаење и вештини кои придонесуваат за долгорочен успех и одржлив развој.

Во 2020 год. М6 ја креираше платформата „Чекор Напред“ преку која разработува решенија за значајни прашања кои ги засегаат сите во општеството преку организирање тренинзи, обуки, работилници и други настани. Овој поткаст е логичен ЧЕКОР НАПРЕД во развојот на оваа иницијатива која има за цел да даде поддршка на професионалниот развој на лидерите и вработените во македонските компании. Секоја епизода ќе биде посветена на различни теми од бизнисот и образованието, а главен фокус ќе биде ставен на актуелни и релевантни теми за мали и средни претпријатија, менаџери, претприемачи и професионалци кои сакаат да го прошират своето знаење
и да добијат практични совети од водечки експерти.

Првата епизода од поткастот, која ќе биде емитувана на 29 јануари 2025 година, ќе донесе ексклузивен разговор со Светозар Јаневски, еден од најуспешните претприемачи и бизнис-визионери во земјава. Презентирајќи го своето долгогодишно богато искуство во управување со компании од различни индустрии, Јаневски ќе го сподели својот пристап кон клучните предизвици во управувањето со човечки ресурси – идентификувањето и развојот на талентите, улогата на лидерството во поттикнувањето на продуктивноста и задоволството на вработените, создавање мотивирани тимови, влијанието на стратегиското управување со човечки ресурси врз долгорочниот успех на компанијата и градење на организациска култура која поттикнува иновации.

„Со поткастот ‘Чекор напред со М6’ сакаме да создадеме простор за конструктивни дискусии и размена на искуства кои ќе им помогнат на поединците и организациите да ја унапредат својата работа. Светозар Јаневски е вистинскиот избор за отворање на оваа платформа, бидејќи неговата визија и резултати претставуваат инспирација за многумина“, изјавија од тимот на М6 Едукативен центар.

Следните инспиративни гости на поткастот „Чекор напред со М6“ ќе ја презентираат својата експертиза за дигитализацијата, дигиталниот маркетинг, финансиите, контролата на квалитетот, управувањето со проекти, извозот, логистиката, успешната продажба и други теми поврзани со секојдневното управување на компаниите.

Со цел да достигне до широка публика поткастот ќе биде достапен на сите главни дигитални платформи, вклучувајќи ги Spotify, Apple Podcasts и YouTube, додека целосната епизода ќе биде достапна и на официјалната веб-страница на Центарот – www.m6.edu.mk

Овој серијал е под покровителство на Иницијативата за развој на кадрите во приватниот сектор во државата, ко-финансирана од М6 Едукативниот центар и Владата на Швајцарија преку швајцарскиот проект „Образование за вработување“ – Е4Е@MK спроведуван од Хелветас.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

САЈБЕР-ЗАКАНАТА ПОВРЗАНА СО PHP НЕ ГИ ДОПРЕ ВЛАДИНИТЕ САЈТОВИ Навреме

22/10/2026
Македонија

ПРИМИЛЕ ПОВИК ЗА ПОВРЕДЕН ЧОВЕК, НО НЕ ИСПРАТИЛЕ ЕКИПА Кривична

22/10/2026
Македонија

СВЕДОЦИТЕ НА ОДБРАНАТА РЕКОА ДЕКА ПОЛИЦАЈЦИТЕ ПОМАГАЛЕ ПО ПОЖАРОТ ВО

22/10/2026
Македонија

ЗЕЛЕНО СВЕТЛО ЗА ДВАТА ИЗВЕШТАИ ЗА СУДСТВОТО Судскиот совет предупреди

22/10/2026
Македонија

МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА СИЛНИ ПОРАКИ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ НА САМИТОТ

22/10/2026
Македонија

НА ПРЕБЕГАНАТА ИВА МИХАИЛОВА ЌЕ Ѝ СЕ СУДИ ВО ОТСУСТВО

22/10/2026
Македонија

ДВЕ КУМАНОВКИ ВО ИЗМАМА СО БРЗИ КРЕДИТИ ВРЕДНА 190.000 ЕВРА

22/10/2026
Македонија

ВЛАДАТА ОТПЛАТИЛА РЕЧИСИ 3 ПАТИ ПОВЕЌЕ ДОЛГ ОД ПРЕТХОДНАТА ЗА

22/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46313
  • Регион 3997
  • Свет 16
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

САЈБЕР-ЗАКАНАТА ПОВРЗАНА СО PHP НЕ ГИ ДОПРЕ ВЛАДИНИТЕ САЈТОВИ Навреме се заштитиле од пропустите што

22/10/2026

Веб-страниците на Владата и министерствата биле навремено заштитени од критичните безбедносни ранливости во програмскиот јазик PHP, кои предизвикаа привремено исклучување

ПРИМИЛЕ ПОВИК ЗА ПОВРЕДЕН ЧОВЕК, НО НЕ ИСПРАТИЛЕ ЕКИПА Кривична пријава против двајца вработени во

22/10/2026

Две лица вработени во Итната медицинска помош во Тетово се соочуваат со кривична пријава поради сомнение за неукажување медицинска помош.

СВЕДОЦИТЕ НА ОДБРАНАТА РЕКОА ДЕКА ПОЛИЦАЈЦИТЕ ПОМАГАЛЕ ПО ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС“ Учестувале во евакуацијата на

22/10/2026

Сведоци предложени од одбраната на судењето против 13 полициски службеници обвинети за непостапување согласно акцискиот план во дискотеката „Пулс“ денеска

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy