Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СВЕДОЦИТЕ НА ОДБРАНАТА РЕКОА ДЕКА ПОЛИЦАЈЦИТЕ ПОМАГАЛЕ ПО ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС“ Учестувале во евакуацијата на преживеаните и во транспортот на повредените
Македонија

СВЕДОЦИТЕ НА ОДБРАНАТА РЕКОА ДЕКА ПОЛИЦАЈЦИТЕ ПОМАГАЛЕ ПО ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС“ Учестувале во евакуацијата на преживеаните и во транспортот на повредените

22/10/2026

AA

Сведоци предложени од одбраната на судењето против 13 полициски службеници обвинети за непостапување согласно акцискиот план во дискотеката „Пулс“ денеска сведочеа за присуството на полицијата пред и по пожарот во дискотеката. Едeн изјави дека како малолетник ја напуштил дискотеката поради полициска контрола непосредно пред избувнувањето на пожарот, друг рече дека по несреќата видел полициски службеници како помагаат во евакуацијата и расчистувањето на просторот, a трет сведочеше за тоа како полицајците им давале инструкции каде да ги транспортираат преживеаните.

Првиот сведок, кој во моментот на настанот бил малолетен, изјави дека во дискотеката пристигнал околу 1:15 часот и дека со пријателите го напуштил објектот откако биле предупредени дека надвор има полициска контрола.

– Дојде келнерот и ни кажа дека надвор имало полиција – рече сведокот, објаснувајќи дека тој и неговите другари во тој момент веќе биле кај вратата.

Тој наведе дека пред влезот бил задржан од полициски службеник кој им земал лични податоци. Според неговото сведочење, токму во тој момент од внатрешноста се слушнал повик дека има пожар.

– Некој од внатре викна дека се запалило и полицаецот ни кажа да бегаме од местото – изјави сведокот.

На прашање дали полицискиот службеник кој ги легитимирал е присутен во судницата, сведокот посочи кон обвинетиот Марјан Радевски.

На дополнително прашање дали би останале во дискотеката доколку немало полиција, одговори потврдно.

Во понатамошниот исказ наведе дека по избувнувањето на пожарот слушнал луѓе како повикуваат да се направи простор за евакуација.

– Слушнавме како некој вика „Правете место, правете место да излезат луѓе“, после тоа ние викнавме такси и си заминавме – изјави тој.

Одговарајќи на прашања од Oбвинителството, сведокот изјави дека непосредно пред пожарот видел полициски службеници кај влезот на дискотеката, но не забележал дали биле преземени други мерки освен идентификацијата на присутните. Потврди и дека нему не му била изречена прекршочна санкција.

На прашање од Судот, сведокот појасни дека полицискиот службеник им рекол да се оддалечат на безбедно место поради пожарот.

Вториот сведок сведочеше дека вечерта најпрво бил во кафулето „Булевар“, а потоа со пријателите се упатил кон дискотеката „Пулс“, каде пристигнале околу 2 часот по полноќ. Рече дека претходно забележал полициска акција во „Булевар“ и таму го видел обвинетиот Марјан Радевски, кого го познава бидејќи се од ист град.

Според неговото сведочење, подоцна го забележал Радевски и пред билетарницата на дискотеката.

– На шега му реков „вие по мене одите цело време, се видовме во „Булевар“, па потоа повторно во дискотеката – изјави сведокот.

Тој наведе дека во моментот на избувнувањето на пожарот се наоѓал во близина на влезот.

– Кога го видов пожарот ја земав јакната и излегов. Веднаш излегов, немаше гужва уште – рече тој.

Според неговите зборови, кратко по излегувањето следувала експлозија која го оттурнала по скалите.

– По кратко се случи експлозија и јас бев отфрлен долу на скалите на земја – сведочеше тој.

Изјави дека откако станал почнал да ги бара своите другари повторно стапил во контакт со обвинетиот Радевски.

– Го прашав дали ги виде другарите мои, а тој ми рече „Потргни се, не прави гужва тука или помагај“ – изјави сведокот.

Посочи дека пред влезот имало повеќе повредени лица на земја и дека заедно со полициски службеници учествувал во нивно поместување за да се расчисти пристапот.

– Марјан бараше да го расчистиме влезот кај скалите – рече тој, додавајќи дека му помогнал да се тргнат неколку лица настрана.

Сведокот изјави дека меѓу неговите другари имало и тешко повреден млад човек, кој подоцна бил лекуван во Шпанија. Откако ги пронашле сите членови на друштвото, со сопствено возило го пренеле повредениот во Штип.

Тој нагласи дека на местото имало и други полициски службеници.

– Сите таму што беа помагаа – изјави сведокот.

Третиот сведок сведочеше како добивале инструкции од полицајците да каде да ги транспортираат преживеаните.

Родител на една од жртвите денеска изјави дека покрај сведочењата, постојат и бројни видео-снимки објавени во медиумите кои, како што рече, треба да бидат оценети од Судот. Според него, клучните прашања остануваат дали воопшто требало да биде дозволено одржување концерт во објект што работел незаконски, зошто настанот не бил спречен ако не бил пријавен во МВР и дали навремено било реагирано поради употребата на пиротехнички средства.

Тој нагласи дека мора јасно да се направи разлика меѓу спасувањето и спречувањето на трагедијата.

– Спасувањето е реакција кога опасноста веќе настапила. Спречувањето е навремено постапување пред да бидат загрозени човечки животи. Семејствата очекуваат Судот да утврди не само кој помагал по трагедијата, туку и кој бил должен навреме да го спречи незаконскиот настан и опасностите што довеле до загубата на 63 човечки животи – рече родителот.

Судењето е поврзано со трагичниот пожар што избувна на 16 март 2025 година во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, а 222 беа повредени. Во овој предмет се обвинети се 13 полициски службеници за Тешки дела против општата сигурност, за кои обвинителството тврди дека не постапиле согласно предвидените обврски и акцискиот план поврзан со работата на дискотеката.

Судењето го води судијката Фанка Јанчулева-Михаиловска, а застапник на обвинението е обвинителката Спасенка Андонова

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

САЈБЕР-ЗАКАНАТА ПОВРЗАНА СО PHP НЕ ГИ ДОПРЕ ВЛАДИНИТЕ САЈТОВИ Навреме

22/10/2026
Македонија

ПРИМИЛЕ ПОВИК ЗА ПОВРЕДЕН ЧОВЕК, НО НЕ ИСПРАТИЛЕ ЕКИПА Кривична

22/10/2026
Македонија

СВЕДОЦИТЕ НА ОДБРАНАТА РЕКОА ДЕКА ПОЛИЦАЈЦИТЕ ПОМАГАЛЕ ПО ПОЖАРОТ ВО

22/10/2026
Македонија

ЗЕЛЕНО СВЕТЛО ЗА ДВАТА ИЗВЕШТАИ ЗА СУДСТВОТО Судскиот совет предупреди

22/10/2026
Македонија

МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА СИЛНИ ПОРАКИ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ НА САМИТОТ

22/10/2026
Македонија

НА ПРЕБЕГАНАТА ИВА МИХАИЛОВА ЌЕ Ѝ СЕ СУДИ ВО ОТСУСТВО

22/10/2026
Македонија

ДВЕ КУМАНОВКИ ВО ИЗМАМА СО БРЗИ КРЕДИТИ ВРЕДНА 190.000 ЕВРА

22/10/2026
Македонија

ВЛАДАТА ОТПЛАТИЛА РЕЧИСИ 3 ПАТИ ПОВЕЌЕ ДОЛГ ОД ПРЕТХОДНАТА ЗА

22/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46313
  • Регион 3997
  • Свет 16
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

САЈБЕР-ЗАКАНАТА ПОВРЗАНА СО PHP НЕ ГИ ДОПРЕ ВЛАДИНИТЕ САЈТОВИ Навреме се заштитиле од пропустите што

22/10/2026

Веб-страниците на Владата и министерствата биле навремено заштитени од критичните безбедносни ранливости во програмскиот јазик PHP, кои предизвикаа привремено исклучување

ПРИМИЛЕ ПОВИК ЗА ПОВРЕДЕН ЧОВЕК, НО НЕ ИСПРАТИЛЕ ЕКИПА Кривична пријава против двајца вработени во

22/10/2026

Две лица вработени во Итната медицинска помош во Тетово се соочуваат со кривична пријава поради сомнение за неукажување медицинска помош.

ЗЕЛЕНО СВЕТЛО ЗА ДВАТА ИЗВЕШТАИ ЗА СУДСТВОТО Судскиот совет предупреди за недостиг од кадар и

22/10/2026

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците едногласно ги усвои извештаите за работата на Судскиот совет и за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy