
Помала посетеност годинава во црквите, повеќето граѓани слават Велигден надвор од земјава
Помала посетеност годинава во црквите на литургиите по повод Велигден.
Ако некогаш тие беа преполни со верници, оваа година посетеноста е значително помала.
За споредба, фотографиите од пред шест години покажуваат многу поголема посетеност.
Помалата посетеност се должи на иселувањето на граѓаните, како и продолжениот празничен викенд за кој некои од граѓаните одлучија да заминат на кратко патување и Велигден да го дочекаат надвор од земјата.
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите.
Христос Воскресе!