Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски за Велигден порача да се зацврсти вербата во заедништвото – „со храбри и совесни одлуки да ги осигураме мирот и благосостојбата“
Македонија

Ковачевски за Велигден порача да се зацврсти вербата во заедништвото – „со храбри и совесни одлуки да ги осигураме мирот и благосостојбата“

16/04/2023

AA

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, упати писмо со честитки за најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, до поглаварот на Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископ Охридски и Македонски, г.г. Стефан, како и до Светиот архиерејски Синод, свештенството и монаштвото на МПЦ- ОА и до сите верници кои денеска го чествуваат празникот.

„Победата на животот над смртта што ја симболизира Велигден, е силна порака за успехот на храбрите одлуки, кога се носат со искрена верба во заедничкото добро.


Во овие времиња на војна на европскиот континент и на светска економска и енергетска криза, повеќе од потребна е обновата на гласот на совеста кај секого и издигнување над лични интереси, со цел заедно да ги осигураме просперитетот и перспективите на сегашните и идните генерации.

Како што покажува и овој празник, исправниот пат ја искушува вербата, за да ја зацврсти волјата со којашто единствено можно да се постигнат колективниот мир и благосостојба.


Честит и вековит да е празникот на Христовото Воскресение – Велигден!“, напиша во писмото до поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан, претседателот на Владата, Димитар Ковачевски.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Градоначалникот на Зелениково возел противпожарно возило за да ги спаси

16/08/2026
Македонија

Во септември покачување на пензиите

16/08/2026
Македонија

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026
Македонија

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026
Македонија

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал

15/08/2026
Македонија

Скопјанка измамена за околу 200.000 денари со понуда за каско

15/08/2026
Македонија

Земал 200 евра за наводно лекување на ќерка му, па

15/08/2026
Македонија

Четворица приведени во Шуто Оризари: Насилно ѝ дале марихуана на

15/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45038
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Градоначалникот на Зелениково возел противпожарно возило за да ги спаси куќите од пожарот кој ноќеска

16/08/2026

Драматична ноќ во Зелениково, каде пожар околу два часот по полноќ се приближил до последните куќи на ридот над населеното

Во септември покачување на пензиите

16/08/2026

Пензионерите во Македонија во септември ги очекува ново зголемување на пензиите, кое овојпат треба да биде процентуално и да зависи

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026

Потврдени се три нови случаи на западнонилска треска, со што вкупниот број се искачи на 34, соопштија од Центарот за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy