
Полициска акција во Струмица и струмичко
Во доцните вечерни часови, според неофицијални информации, безбедносните служби спроведуваат координирана акција на повеќе локации во Струмица и Струмичко, додека паралелно е обезбеден и објект во Скопје, во поранешниот индустриски комплекс „Охис“, кој од четврток навечер е под целосна контрола на надлежните институции.
Како што се наведува, во акцијата се вклучени повеќе државни органи, меѓу кои полицијата, царината, здравствените служби и јавното обвинителство. Активностите наводно се насочени кон мрежа на таканаречени „легални“ производители на канабис, за кои постојат сомнежи дека со години ја злоупотребувале дозволената дејност.
Засега од институциите нема официјална потврда, ниту демант за ваквите информации. Повеќе информации и официјални детали се очекуваат во текот на утрешниот ден.

