Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Полицијата го уапси таткото на детето кое во Лукавац тешко рани наставник
Регион

Полицијата го уапси таткото на детето кое во Лукавац тешко рани наставник

14/06/2023

AA

Порталот Аваз објави дека е уапсен таткото на момчето кое денеска пукаше и повреди наставник во Лукавац, Босна и Херцеговина (БиХ). 

Тој е сослушан во полициската станица Лукавац, каде ги образложил сите околности поврзани со овој настан и ќе биде предаден на Обвинителството на кантонот Тузла. Обвинителството даде детали за немилиот настан кој го изврши малолетник. 

„Станува збор за лице кое сè уште нема 14 години. Роден е на крајот на јуни 2009 година. Приведен е во ПУ Лукавац. Тој испукал неколку куршуми во наставникот. Откако испукал неколку куршуми во наставникот и го застрелал со еден истрел, тој го фрлил пиштолот, кој бил пронајден на училишниот терен и ќе биде предмет на вештачење Дежурниот обвинител истрагата ја води на терен во соработка со Одделот за криминалистичка полиција на Министерството за внатрешни работи и ОКП на ПУ Лукавац“, информираа од обвинителството и потврдија дека момчето не може кривично да одговара. 

Полициски службеници по наредба на надлежен суд и наредба на Обвинителството вршат претрес во семејната куќа во Лукавац.

Дино Османовиќ, политичар од Лукавац, по крвопролевањето ги објави преписките и предупредувањата што ги напишал токму поради заканите на ученикот, но никој не преземал мерки. Наставникот  е опериран, но е во животна опасност. 

Од 3-ти мај наваму, откако дете изврши масакр во училиште во Белград, во регионот имаше бран насилни инциденти и закани за извршување на масакри. 

фото Радио телевизија Лукавац

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МАКЕДОНИЈА Е МЕЃУ НАЈУБАВИТЕ ЗЕМЈИ ШТО СУМ ГИ ВИДЕЛ, РЕКЛАМИРАЈТЕ

25/09/2026
Македонија

УНИШТЕНИ 202 ЛИТРИ, ОДНОСНО КИЛОГРАМИ СЛАДОЛЕД И МРАЗ Контролирани 560

25/09/2026
Македонија

ЕВРОПСКИОТ ПАТ НА СКОПЈЕ ТРЕБА ДА СЕ РАЗГЛЕДУВА ВО ЕВРОПСКИТЕ

25/09/2026
Македонија

ГО ОХРАБРУВАМЕ ФИЛИПЧЕ ДА ПРОДОЛЖИ ДА ГО ВОДИ СДСМ На

25/09/2026
Македонија

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина

24/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026
Македонија

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев

24/09/2026
Македонија

КРВАВ ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ Со остар предмет нападнал сосед, неговата

24/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45791
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МАКЕДОНИЈА Е МЕЃУ НАЈУБАВИТЕ ЗЕМЈИ ШТО СУМ ГИ ВИДЕЛ, РЕКЛАМИРАЈТЕ ГИ ПРИРОДНИТЕ УБАВИНИ Европратеникот Вајц

25/09/2026

Ефектите од глобалното затоплување нè погодуваат сите подеднакво, а тоа особено се чувствува во земјоделството, рече европратеникот и постојан известувач

УНИШТЕНИ 202 ЛИТРИ, ОДНОСНО КИЛОГРАМИ СЛАДОЛЕД И МРАЗ Контролирани 560 оператори, изречени казни од 19.430

25/09/2026

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) при 560 вонредни инспекциски контроли кај производители на сладолед и мраз, како и во

ЕВРОПСКИОТ ПАТ НА СКОПЈЕ ТРЕБА ДА СЕ РАЗГЛЕДУВА ВО ЕВРОПСКИТЕ ИНСТИТУЦИИ Софија одговори на идејата

25/09/2026

Пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија е европско прашање кое треба да се разгледува во рамките на европските институции,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy