Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПОЛИЦИЈАТА ГИ ОТСТРАНИЛА РЕНЏЕРИТЕ, А НЕ РАТРАЦИТЕ НА ПОПОВА ШАПКА Кому му пречат фрирајд скијачите?
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА ГИ ОТСТРАНИЛА РЕНЏЕРИТЕ, А НЕ РАТРАЦИТЕ НА ПОПОВА ШАПКА Кому му пречат фрирајд скијачите?

17/01/2026

AA

Шпекулантско базично новинарство, базирано на еуфорија и сензационализам во корелација со несовесни лица од новопечениот Национален парк ги нарушуваат децениските туристички релации на Попова Шапка, каде фирмата која макотрпно управува со фрирајд операциите на Шар Планина речиси 20 години опслужува повеќе од 1.500 странски скијачи секоја сезона.

Скијањето со ратрак е изолиран и супер специјализиран туристички производ далеку од очите на македонската јавност, но сепак на видното поле на туристичките работници и најважно светската скијачка сцена долги години наназад, реагира СкиМакедонија во напис.

Поминале бројни патеписци и продуценти од познати и непознати медуми, угледни и авторитетни специјализрани травел магазини. Скијачки великани од Северна Америка, Западна Европа и Скандинавија.

Направена е невидена афирмација на Македонија и Шар Планина деценија наназад преку бројни насмeани лица, задоволни странски авантуристи скијачи, дипломати, амбасадори и македонски домашни гости.

Повеќето туристички капацитети односно хотели како и многу локално население директно и индиректно живеат токму од овој оператор и тие гости.

И сега наеднаш имаме некоја нова ултра бирократска институција каде наеднаш под превезот на екологија, биодиверзитет им смета се или сакаат да маваат таму каде што навидум некој може да трпи ќотек. Паралелно дозволувајќи загадување , сеча , градење диви објекти насекаде низ планината.

Во однос на најважната медиумска драма што се случи утринава каде операторот беше спречен заедно со странските гости да излезе на терен важно е да се напомене, не е точно дека полицијата интервенирала поради загрозување на безбедноста од страна на операторот, објави СкиМакедонија.

Напротив, полицијата беше повикана по дојава на самиот оператор, поради незаконско и присилно постапување на терен, по што ренџерите беа отстранети од местото на настанот, а не обратно.

Ваквото известување свесно или несвесно, а ите како непрофесионално извртување на фактите се создава лажна слика во јавноста, се нарушува угледот пред се на државата, дестинација Попова Шапка, потоа операторите, хотелите и индивидуалци со сериозни репутациски и финансиски последици.

Спротивно на изнесеното во објавите по медиуми, операторот постапувал согласно доставениот допис од Национален парк Шар Планина и нивниот официјален тарифник, врз основа на кој, по барање на самата установа, е извршена авансна уплата во износ од 5.000 евра, со образложение дека установата е самофинансирана и нема друг редовен прилив на средства.

И покрај ова, ратраците беа физички спречени да движат, без претходно навремено писмено решение, без формална забрана и без спроведување на соодветна законска постапка на лице место, што претставува пречекорување на овластувањата, а не законско постапување.

„Во овој контекст, основано сметаме дека станува збор за сплет на интереси помеѓу поединци вработени во установата Национален парк Шар Планина, како и за обид за саботажа и уништување на веќе воспоставен туристички производ, наместо за транспарентно и законско управување со заштитеното подрачје.

Логично се наметнува прашањето: зошто институција чија основна улога е развој и унапредување на одржливиот туризам во Националниот парк, игнорира препораки и настојува да спречи и уништи веќе постоечки, светски познат туристички продукт, наместо да го регулира и унапреди особено што се игнорираат многу барања од операторот кој наложува високи стандарди на работење?!

Остануваме цврсто определени за почитување на законите, заштита на природата и развој на одржлив туризам, но истовремено инсистираме на законско, транспарентно и непристрасно постапување, без селективност и без влијание на поединечни интереси”, вели операторот.

 

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК

20/09/2026
Македонија

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер

20/09/2026
Македонија

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да

20/09/2026
Македонија

СЛУШНАЛ ВРЕСОЦИ И ТРГНАЛ ПО СИНОТ ВО КАЊОНОТ Таткото загина

20/09/2026
Македонија

ЗНАМ НЕ ВЛЕЗЕ ВО ВЛАДА ЗА ФОТЕЛЈИ Димитриевски даде отчет

20/09/2026
Македонија

СУДАР КАЈ „ТУЛАНАТА“ НА ПАТОТ БИТОЛА-ПРИЛЕП ОДНЕСЕ ЖИВОТ НА ТИНЕЈЏЕРКА

20/09/2026
Македонија

САКАЛ ДА ИЗЛЕЗЕ ОД МАКЕДОНИЈА КАКО „ИТАЛИЈАНЕЦ“ Со себе имал

20/09/2026
Македонија

„TASK FORCE“ НА БЈБ ЧЕШЛА КРАЈ СТРУГА Во Радожда контролирале

20/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45694
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК ДОЖД До среда ќе дува

20/09/2026

Времето в понеделник, 20 септември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер го пренел по пријава од

20/09/2026

Граѓани околу 14.30 часот пријавиле дека на Шар Планина забележале лице кое не покажувало знаци на живот, по што била

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да ги испита фотките и изјавата

20/09/2026

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков најави дека денеска ќе поднесе кривична пријава против Јон Фрчкоски од СДСМ и непознати лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy