Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Полицаец осомничен за пожарот во „Пулс“ е во бегство!
Македонија

Полицаец осомничен за пожарот во „Пулс“ е во бегство!

16/04/2025

AA

За пожарот кој избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани осомничен е полицаец и истиот е во бегство, официјално потврдија од МВР. Имено од пријавените, лишени од слобода се шест лица, по едно се трага, а тројца од претходно издржуваат мерка притвор.

Соопштението на МВР ви го пренесуваме во целост:

-Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе кривична пријава за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ по член 292 став 2 од Кривичниот законик во врска со кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 став 2 и став 3 од Кривичниот законик против 10 лица и тоа:

П.С. (во времето на извршување на кривичното дело на работно место помошник началник во СВР Штип), Ј.Т. (во време на извршување на кривичното дело на работно место главен инспектор за сообраќајни работи во Одделение за полиција во СВР Штип),

С.Д. (во времето на извршување на кривичното дело на работно место главен инспектор за сообраќај во Одделение за полиција во СВР Штип),

М.С. (во време на извршување на кривичното дело на работно место началник на одделение во Одделение за полиција во СВР Штип),

Љ.Т. (во време на извршување на кривичното дело на работно место началник во СВР Штип),

В.П. (во времето на извршување на кривичното дело на работно место главен инспектор по сообраќајни работи во Одделение за полиција во СВР Штип),

Д.А. (во време на извршување на кривичното дело самостоен инспектор за јавен ред и мир во СВР Штип),

А.А. (во време на извршување на кривичното дело на работно место помошник началник на СВР Штип),

В.И. (во време на извршување на кривичното дело на работно место документарист во ПС ОН Кочани во СВР Штип)

и А.Т. (во времето на извршување на кривичното дело на работно место командир на ПС ОН Кочани).

Првопријавениот П.С. на 07.12.2012 потпишал акт и истиот го доставил до Министерство за економија со кој дал согласност дека кабаре „ПУЛС“ поседува елаборат за заштита од пожари и опасни и експлозивни материи и ги исполнува законските услови во делот на сообраќај со што придонел на правниот субјект ДПТТУ „Класик ДМ“ ДООЕЛ Кочани од страна на Министерството за економија да му биде издадена лиценца за вршење на угостителска дејност на кабаре “Пулс“ од 13.12.2012.

Второпријавениот Ј.Т. и третопријавениот С.Д. на 10.02.2018 доставиле мислења и не извршиле целосна проверка пред да ги изготват мислењата и согласноста, каде спротивно на член 6 став 3 од Законот за угостителска дејност констатирале дека кабаре „Пулс“, претставувано од ДПТТУ „Класик ДМ“ ДООЕЛ Кочани ги исполнува законските услови во делот на заштита на јавен ред и мир и во делот на сообраќај.

Четвртопријавениот М.С. и петтопријавениот Љ.Т. иако знаеле и биле должни да знаат дека кабаре „Пулс“, претставувано од ДПТТУ „Класик ДМ“ ДООЕЛ Кочани не ги исполнува законските услови во делот на заштита на јавен ред и мир и сообраќај, на 10.02.2018 и 24.01.2019 одобриле и потпишале известување до Министерството за економија во кое е констатирано дека се исполнети законските услови во делот на заштита на јавен ред и мир и сообраќај.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy