Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Полицаец му помогнал на колега да ја смени урината на уапсениот син – Внатрешна контрола поднесе кривична
Македонија

Полицаец му помогнал на колега да ја смени урината на уапсениот син – Внатрешна контрола поднесе кривична

07/11/2025

AA

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (Специјализирано одделение). Пријавата е поднесена против Ф.Н., полициски службеник во Одделението за криминалистичка полиција при СВР Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „попречување на правдата“ (член 368-а став 8 од КЗ).

​Според пријавата, инцидентот се случил на 4 октомври 2025 година. Пријавениот Ф.Н., како дежурен криминалистички техничар, преземал службени дејствија во случај во кој две лица биле уапсени поради сомневање за трговија со дрога (член 215).

​Во тој момент, Ф.Н. му овозможил на друг полициски службеник, О.С., кој тој ден не бил на работа, да се вмеша во целата постапка. Причината за ова била тоа што полицаецот О.С. е татко на еден од уапсените, И.С..

​Внатрешната контрола утврдила дека Ф.Н. му дозволил на својот колега (таткото на уапсениот):

​Клучен доказ во истрагата било вештачењето на примероците од урина. Било потврдено дека примерокот од урина што наводно бил земен од уапсениот И.С. всушност бил урина дадена од неговиот татко, полицискиот службеник О.С..

​Со овие дејствија, според Внатрешна контрола, пријавениот Ф.Н. имал намера да ги уништи доказите и да го спречи и отежне докажувањето во кривичната постапка.

​Одделот за внатрешна контрола, покрај кривичната пријава, најави дека против Ф.Н. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и веќе му е изречена задолжителна мерка отстранување од работното место – суспензија. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy