Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МУ БИЛЕ ВЕТЕНИ 50.000 ЕВРА, ЗА ПОЧЕТОК ЗЕЛ 400 ЕВРА Притвор и истрага против директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството и против 4 лица
Македонија

МУ БИЛЕ ВЕТЕНИ 50.000 ЕВРА, ЗА ПОЧЕТОК ЗЕЛ 400 ЕВРА Притвор и истрага против директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството и против 4 лица

07/11/2025

AA

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага против директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој, Илија Стоилев и протов 4 други лица, за поткуп и за давање и примање награда за протвзаконско влијание и побара судот на сите петмина да им определи притвор.

„Вчера во попладневните часови под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражителите од Истражниот центар на ОЈО ГОКК и полициски службеници реализираа акција во која беа лишени од слобода 5 лица. Поради постоење на основано сомнение дека првосомничениот сторил продолжено кривично дело Давање поткуп и кривично дело Давање награда за противзаконито влијание, 3 лица како посредници сториле кривично дело Примање награда за противзаконито влијание, а едно лице сторило продолжено кривично дело Примање поткуп, јавниот обвинител донесе наредба за спроведување на истражна постапка против сите осомничени“, соопшти Јавното обвинителство.

Првоосомничениот – управител на правно лице, од крајот на февруари годинава до вчера, искористувајќи ист траен однос и исти прилики, во повеќе наврати, директно и преку посредници му ветил подарок, парични средства од значителна вредност на директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството, додава Обвинителството.

„Останатите тројца осомничени, од кои еден даночен референт во УЈП Скопје и еден државен службеник вработен во Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство, искористувајки го своето реално влијание и службената положба побарале и го потикнаале директорот на Агенцијата да изврши службено дејствие што не смеел да го изврши. Имено, иако правното лице на првоосомничениот не ги исполнувало условите предвидени во Јавниот повик бр.01/24 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД Програмата за мерка 3, директорот по применото ветување за подарок од значителна вредност во износ од 50.000 евра, во текот на вчерашниот ден потпишал договор за користење на финансиски средства со правното лице и притоа примил дел од паричните средства во износ од 400 евра, кои при претрес се пронајдени и одземени“, соопшти Обвинителството.

Ценејќи дека се исполнети условите за определување на мерка притвор, јавниот обвинител му предложи на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд да им определи притвор на сите осомничени.

 

УАПСЕН ДИРЕКТОРОТ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ПОДДРШКА НА ЗЕМЈОДЕЛСТВО ЗА ЗЕМАЊЕ МИТО Илија Стоилев е фатен на дело со помош на обележани банкноти

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
Македонија

Промена на времето: Во сабота дожд, грмежи и засилен северен

11/09/2026
Македонија

Повеќе од дваесет дуќани изгореа во пожар во Шуто Оризари

11/09/2026
Македонија

Бројот на автомобили за 10 години пораснал за 60 отсто,

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45640
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени две лица

11/09/2026

Две лица се осомничени за убиството на 26-годишниот А.М. од Скопје, кој беше застрелан на 6 септември во близина на

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат две локации

11/09/2026

Платото околу базенот „Борис Трајковски“ е една од локациите што се разгледуваат за изградба на новиот клинички центар, а Владата

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат, секогаш има и други законски

11/09/2026

Републичкиот јавен обвинител Ненад Савески не се согласува со оценките дека судовите носат одлуки под притисок или под влијание на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy