Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Полицаец барал 20 илјади евра од граѓанин – го пријавил па доби суспензија од работното место
Македонија

Полицаец барал 20 илјади евра од граѓанин – го пријавил па доби суспензија од работното место

26/12/2025

AA

По претходна пријава од граѓанин за сторено кривично дело „изнуда“ од полицискиот службеник Х.З.(48) во Одделението за криминалистички работи Гази Баба, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи презеде соодветни мерки и активности за расчистување на случајот.

Имено, граѓанинот пријави дека Х.З. заедно со други лица во повеќе наврати му барале 20.000 евра, пари кои наводно синот на пријавителот ги земал од него. После тоа, преземени се мерки и извршена е криминалистичко-техничка обработка на парични средства, а на 25.12.2025 на подрачјето на Центар, непосредно по примопредавањето, Х.З. е лишен од слобода и при извршен претрес кај него се пронајдени 20 апоени од по 50 евра.

Тој е задржан во полициска станица, а Единицата за насилен криминал, Одделението за насилен криминал при СВР Скопје, до ОЈО Скопје, против Х.З. поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“ по член 258 од Кривичниот законик.

Одделот за внатрешна контрола против Х.З. ќе поднесе предлог за поведување постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителна мерка отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

Додека, судија на претходна постапка на пријавениот му определил мерки на претпазливост.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy