
Покетино се правда за поразот на Челси, но навивачите бараат негова оставка!
Покетино по натпреварот кажа дека неговиот состав е млад и треба да учи од ваквите натпревари, но тоа објаснување не ги смири гневните навивачи на премиерлигашот.
„Заслуживме многу повеќе. Мора да продолжиме со работа. Младите состави учат од вакви натпревари. имаме фудбалери кои за првпат играат во лигата. Мора да се прилагодат“, кажа Покетино.
Меѓутоа навивачите повеќе немаат трпение за Покетино и побараат оставка од аргентинскиот тренер.

