
Подгответе се за ледени утра: Температурите во понеделник и вторник паѓаат до минус 8 степени
Македонија денеска се наоѓа под влијание на влажен бран кој носи облачно време со повремени врнежи од дожд, додека на планините врнежите се од снег.
Од петок следува период на стабилизација на времето, но со значителен пад на утринските температури.
За време на викендот и во првите денови од следната седмица утрата ќе бидат ведри и многу студени со температури кои насекаде ќе се спуштат под нулата.
Најниските утрински температури се очекуваат во недела и понеделник кога на места ќе се спуштат и до минус осум степени, додека дневните температури кон крајот на периодот ќе бидат во благ пораст и ќе достигнуваат до десет степени.
