Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Наќе Чулев по судската победа: Oдземањето на безбедносниот сертификат и моето отпуштање биле незаконски и политички мотивирани!
Македонија

Наќе Чулев по судската победа: Oдземањето на безбедносниот сертификат и моето отпуштање биле незаконски и политички мотивирани!

24/12/2025

AA

Поранешниот министер за внатрешни работи и екс-директор на Агенцијата за разузнавање, Наќе Чулев, со емотивно обраќање до јавноста потврди дека по долга судска битка, правдата е конечно задоволена.

Судовите во Македонија донеле пресуди со кои се утврдува дека неговото отпуштање од работа и одземањето на безбедносниот сертификат од страна на претходната власт биле незаконски и политички мотивирани.

Чулев открива дека со години бил цел на организирана кампања за дезинформации и силен политички прогон, што резултирало со јавно понижување и притисоци врз неговото семејство. Тој потенцира дека по 25 години чесна служба во безбедносниот сектор, бил прогласен за безбедносен ризик не поради сторено дело, туку како одмазда за неговото јавно говорење против корупцијата и аномалиите во системот.

Во своето соопштение, тој информира дека веќе е поднесена кривична пријава против лицата одговорни за злоупотреба на институциите во неговиот случај и очекува соодветна одговорност. Чулев нагласува дека оваа победа не ја доживува како можност за одмазда, туку како доказ дека професионалниот интегритет и достоинството не можат да бидат скршени со политички одлуки.

Поранешниот министер упати благодарност до семејството и пријателите кои му дале поддршка во најтешките моменти и порача дека неговата борба продолжува, но сега насочена кон градење општество во кое институциите никогаш повеќе нема да бидат алатка за политички пресметки.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
Македонија

Промена на времето: Во сабота дожд, грмежи и засилен северен

11/09/2026
Македонија

Повеќе од дваесет дуќани изгореа во пожар во Шуто Оризари

11/09/2026
Македонија

Бројот на автомобили за 10 години пораснал за 60 отсто,

11/09/2026
Македонија

Пронајден и казнет мажот кој фрлаше ѓубре во Радика

11/09/2026
Македонија

Јакимовски сè уште е во „Шутка“, ја чека писмената одлука

11/09/2026
Македонија

Екс директорката Асани оди во куќен притвор, продолжува истрагата за

10/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45637
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани „Ц“ и „Д“ категории

11/09/2026

Повеќе локации низ земјава денеска се предмет на полициски претреси во рамки на координирана акција на Министерството за внатрешни работи,

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие бркате, затворате, тие ги пуштаат

11/09/2026

Одлуките на Врховниот суд за укинување на пресудата за случајот „Ласкарци“, како и за предметот против Стевчо Јакимовски, предизвикаа остра

Промена на времето: Во сабота дожд, грмежи и засилен северен ветер

11/09/2026

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy