
ПОДГОТВЕТЕ СЕ: Доаѓаат поројни врнежи дожд и снег до 10 сантиметри
Под влијание на влажни воздушни бранови од утре кон крајот на денот и во следните два дена (24.12 и 25.12. 2025) ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 25 л/м2 за 24 часа).
На планините врнежите ќе бидат од снег при што ќе се формира снежна покривка од 5 до 10 см. Поради спуштање на постуден воздух од север, врнежите ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Од петок ќе има стабилизирање на времето.
Во Скопје, утре кон крајот на денот и во следните два дена (24.12 и 25.12. 2025) ќе има врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат пообилни.

